„С*ксот е најдобриот начин за одржување на кондицијата! Секогаш имам време за тоа и ослабев само затоа што бевме интимни со маж ми најмалку два пати на ден“

Поранешната манекенка од Велика Британија ги симнала вишокот килограми благодарение на сексот два пати на ден.
41-годишната Карла Белучи се здебелила откако родила четири деца. „Сè уште се чувствував секси поради мојот маж, но длабоко во себе не бев среќна“, вели таа. За да ослабе, Британката почнала да вежба, да ја следи големината на порциите, а исто така и поредовно да има секс со својот сопруг.

Белучи не ги сака теретаните и смета дека сексот е најдобриот начин за одржување на кондицијата. „Навистина не разбирам. Само имајте секс два пати на ден и тоа одлично ќе влијае на вашата фигура“, вели таа.

Манекенката без многу труд успеала да го врати своето тело во претходната форма. „Во мојот распоред секогаш има време за секс. Мојата ќерка Блу си легнува рано, а потоа поминувам време со мојот маж“, објасни таа.

Белучи ги советува оние кои сакаат да ослабат да ја следат количината на јадење, како и да развијат внатрешна дисциплина. „Престанете да седите и да озборувате за желби со вашите пријатели, престанете да ги шпионирате на социјалните мрежи и бидете среќни“, додава таа.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

  • Pero напиша:

    i mienjeto sadovi pomagalo za gubenje na kalorii, duri poveke i od seksot. ama pusto , koj saka da raboti, koga polesno e da se dignat nozete…

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *