„Тој е чудак и таа го привлекува затоа што личи на дете!“ 23 годишната девојка „заробена“ во тело на дете ги споделува романтичните состаноци со 26 годишен Британец на нејзиното ТВ шоу, но беа остро осудени од јавноста

Ден Свигарт (26) е романтично поврзан со Шауна Реј Лесик (23), откако тие се појавија на нејзиното реално ТВ шоу во САД.

 

 

Британецот е обвинет дека е чудак и дека Шауна го привлекува само затоа што личи на дете. Но, неговите родители кои живеат во мало рурално село во Северен Велс застанаа во негова одбрана тврдејќи дека нивната врска не е романтична и покрај тоа што одат на состаноци на нејзиното ТВ шоу „Јас сум Шауна Рае“ во Америка.
Неговата мајка Хелен изјави: „Даниел ми се јави и ми кажа дека приказната се проширила насекаде. Тие се само пријатели. Нема врска“.

 

 

Неговиот татко Стивен (60) рече: „Тој се појави во нејзиното шоу и толку. Тоа е тоа, толку е едноставно. Тој ја гледа и мисли дека е огромна личност и покрај нејзиниот хендикеп, а таа е само физички мала“.
Запрашан дали има некаква романса, таткото на Ден инсистираше: „Мислам дека тоа е крајно малку веројатно“.

Ден и Шауна се запознаа во една неодамнешна епизода од нејзиното реално шоу на TLC.

 

 

Нејзиниот застој во растот е несакан ефект од третманот за рак на мозокот што го примила како доенче, а за жал, нејзината попреченост ѝ отежнала да најде љубов. Некои луѓе се сомневаат во мотивите на Ден, особено откако родителите на Шауна изразија стравувања поради нејзиниот млад изглед привлекувајќи педофил.

Во видео споделено на „Инстаграм“, Ден го оправдува својот состанок со ријалити ѕвездата. Велшанецот објасни дека врската со неа ја изградил на база на тоа „која е таа индивидуа“, наместо на нејзиниот изглед.

„Многу е важно да се запамети дека Шауна е неверојатна 23-годишна жена која има попреченост“, рече тој.

„Таа е оваа неверојатна, инспиративна 23-годишна жена која е само малку ниска“.

 

Во клипот, Ден објасни дека дошол до Шауна откако ја гледал првата сезона од серијата и станал „инспириран од нејзината емоционална сила“.
Потоа и испратил цвеќе и картичка со натпис: „Оди живеј го својот најдобар живот. Ти ја посакувам сета среќа што ја заслужуваш“.

Тие почнале да си испраќаат пораки на социјалните мрежи, пред тој да замине во нејзиниот роден град во Лонг Ајленд, Њујорк, каде што отишле на неколку состаноци, од кои сите беа прикажани во шоуто.

За време на видеото на „Инстаграм“, Ден призна дека знаел дека ќе добие „некоја омраза“ кога се согласил да се појави во серијата, но тоа го нарече „апсолутно одвратно“ и „дехуманизирачко“ за Шауна.

Парот го поминал првиот ден заедно во аквариум и „Escape room“, а им се придружи и нејзината 18-годишна полусестра Рајли.

 

 

„Шона е паметна, но не е многу авантурист. Мислам дека може да ја извлече од нејзината комфорна зона, но сепак да ја направи безбедна. Но, многу гледачи ја критикуваа врската како „чудна“, „загрижувачка“, „непријатна“, „морничава“ и „неправилна“, вели Рајли.

 

„Извинете, но фактот што ја забележал на интернет и намерно ја контактирал, ме прави да се чувствувам непријатно бидејќи изгледот обично е првиот и најважниот впечаток што го добивате на интернет“, напиша една личност, како коментар на оваа ситуација во шоуто.

  • Некој/ некоја напиша:

    Аха. Значи овие од интернет си мислат или дека не треба воопшто да се заљуби или дека треба да има врска со 8- годишно детенце??

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *