Граничарите и велосипедистот (виц)
Си седат нашите граничари на смена. Поминува велосипедист и на багажникот на велосипедот носи една штека Марлборо. Граничарите го гледаат и се нервираат:
– Мамичето негово, се прави паметен! Да го запреме ли?!
– Е, за една штека цигари немаме право, за лична употреба е.
Наредниот ден пак:
– Мамичето негово еве го пак, ајде да го казниме!
– Не може, за една штека не бива.
Ден по ден, недела по недека… На крајот им здосадил на граничарите, го запреле и му велат:
– Абе дечко, ајде да ти го дадеме нашиот камион, пренеси си ги сите цигари, нема да те казниме, само да ни се тргнеш од главата.
– Е сега е доцна момци. Јас веќе си ги пренесов сите велосипеди.
Коментирај анонимно