Кумановец препакувал храна со изминат рок и ја продавал

На 01.02.2023 во 11.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Б.(43) од село Арачиново, скопско, затоа што при контрола во возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени околу 200 килограми прехранбени артикли со изминат рок на траење.

 

Исто така, подоцна била извршена контрола и во магацин на подрачјето на Гази Баба, сопственост на Б.М.(45) од с.Романовце, кумановско, од каде ја зел стоката, при што сопственикот признал дека е негова. Во магацинот биле пронајдени дополнителни околу 600 килограми прехранбени артикли со изминат рок на траење и празна амбалажа за пакување на производите.

Пронајдената стока, од Агенцијата за храна и ветеринарство е прогласена за небезбеден производ. Со сопственикот на магацинот бил извршен службен разговор во полициска станица, а по целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • 😂ВРЗМЕНКО😂 напиша:

    Браво за откривање на ваков тежок криминал😂😂😂
    Абе мамето ваше се е заминато у П. М. вие се фалите со 600 кг запленета роба со поминат рок. Во било кој поголем маркет влезете ке најдете минимум 600 кг иста таква роба.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *