Еве зошто треба да избегнувате да оставате чаша со вода до вашиот кревет
Повеќето лекари препорачуваат да пиеме 8 чаши вода на ден за да останеме хидрирани. Но, многу луѓе се борат да ги задоволат потребните количини на внес на вода, па затоа користат различни методи за да се потсетат за да ја задржат оваа здрава навика.
И ставањето чаша вода на наткасната е добар потсетник за да земете голтка веднаш птом ќе станете наутро. Сепак водата во близина на вашиот кревет може и да не биденајпаметната работа.
Некои остатоци може да завршат во вашата вода
Истурање вода во отворена чаша и оставање до утрото може да ја направи подложна на различни видови на загадувачи. Постои шанса комарците, мувите и другите инсекти да завршат во вашата чаша во текот на ноќта. Некои прашина и други остатоци може да влезат во водата додека спиете и да не го забележите тоа, а да ја испиете водата.
Водата може да го промени вкусот
Ако ја наполните чашата со вода од чешма, веројатно има хлор што е додаден за дезинфекција. Но, хлорот ќе почне да испарува во текот на ноќните часови, менувајќи го вкусот на водата. Како резултат, водата ќе има „бајат“ вкус.
Вашата вода се претвора во совршено место за одгледување микроби
Кога земате голтка вода, пренесувате милиони бактерии од устата во чашата, а потоа и во водата. Значи, ако одлучите да пиете вода од таа чаша во вечерните часови додека се обидувате да заспиете, бактериите ќе влезат внатре и ќе се размножуваат до утрото.
Вашата вода станува малку покисела
Кога ја оставате водата во отворена чаша, може да апсорбира мала количина на јаглерод диоксид, менувајќи ја својата pH рамнотежа. Како резултат, вашата вода може да стане малку повеќе кисела со пониско ниво на pH вредност. Тоа нема да влијае на вашето здравје, но може да го промени вкусот на водата, што ја прави понепријатна за пиење.
Чаша вода во близина на вашиот кревет може да ви го наруши сонот
Ако постојано имате чаша вода на повидок, особено ако се борите веднаш да заспиете, може да започнете да пиете вода во текот на ноќта и да го зголемите вашиот нагон да одите во тоалет. И тоа неколку пати во текот на ноќта може да ви го уништи циклусот на спиење, лишувајќи ве од добар ноќен сон и да се чувствувате уморни и исцрпени наутро.