Дали од шолја во јавен тоалет можете да фатите сексуално пренослива болест?

Кога станува збор за користење на јавни тоалети, веројатно секогаш преферирате да го покриете тоалетот со тоалетна пред да седнете или да завршите работа воопшто не допирајќи ја тоалетната школка. Веројатно е затоа што овие области генерално имаат тенденција да имаат многу бактерии – особено ако се тоалети со голема посетеност и не го добиваат потребното чистење.  Забележано е зголемување од 525 отсто во пребарувањата на Google за 2022 година.

Колку и да е загрижувачко ова тврдење, всушност е неверојатно ретко да се заразите со сексуално пренослива инфекција од седење на тоалетната школка. Бидејќи тие видови на бактерии не можат да преживеат надвор од околината на мукозните мембрани во телото односно не можат да преживеат долго надвор од човечкото тело, со тоа што би умреле пред да биде можно да се шират на тврди површини.

 

Така што има мали до никакви шанси да фатите секусално пренослива болест од седење на тоалетно седиште: таа шанса би требало да се појави под многу специфични околности. На пример, со хепатитис Б или ХИВ (кој може да се шири преку крв), преносот би барал брз и близок контакт со телесни течности (на пример, крв на тоалетното седиште доаѓа во контакт со отворена рана на ногата).

Сепак, овие бактерии обично не преживуваат кога ќе паднат од човечкото тело. Тоалетното седиште не нуди средина за тие да напредуваат, така што не може да живеат таму повеќе од 10 секунди.

Но, иако шансите да фатите сексуално пренослива болест или инфекција како кламидија од тоалетот се неверојатно мали сепак ова не значи дека тоалетите се без бактерии, вируси или други работи што можат да ве разболат.

Норовирусот може да се шири преку фекална материја која се шири во воздухот откако ќе пуштите вода, додека микробите како Ешерихија Коли може да се најдат во фекалната материја. Ешерихија Коли често знае да предизвикува уринарни инфекции, а норовирусот дијареа и повраќање.

Во однос на преносот на бактериите во тоалетите севкупно, студија од јануари 2022 година идентификуваше дека бактериите се шират со: „пуштање вода со отворен капак, неефикасно миење раце или сушење раце, супстандардно или ретко чистење на површините, блокирани одводи и непокриени корпи за отпадоци“.

Затоа е важно да користите сапун и вода, секогаш убаво и темелно да ги миете и бришете рацете. Исто така обидете се да не допирате ниту една рачка на вратите кога ќе излегувате од тоалетот.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *