Дали ако ги крцкам прстите ќе ми се тресат рацете кога ќе остарам?

Крцкањето на прстите може да ги згрози луѓето околу вас, но тоа нема да го зголеми ризикот од артритис или да предизвика тресење на рацете во подоцнежната возраст.

Иако прашањето забележа пораст од 180 отсто во пребарувањата на „Google“ минатата година, неодамнешните студии не го поврзуваат крцкањето на зглобовите како причина за развој на артритис.

Вистина е дека на луѓето кои веќе имаат артритис понекогаш им пукаат зглобовите бидејќи е оштетена ‘рскавицата на површината на зглобовите.  Сепак, поверојатно е дека тоа е последица на повреда, наместо причина за тоа.

 

 

Ако сте имале повреда кога сте млади или скинете лигамент, тоа ве става на поголем ризик за артритис кога ќе остарите.

Некои од најчестите фактори на ризик за развој на артритис вклучуваат возраст, генетика, физичка неактивност, пушење и вашето занимање.

Исто така, ако крцкањето стане зачестено, треба да направите контрола. Крцкањето на зглобовите не бара некое посебно лекување, но докторите обично советуваат да не го предизвикувате намерно, бидејќи некои луѓе развиваат непотребна навика за растегнување на зглобовите. Крцкањето на зглобовите обично е поврзано со лабавоста на зглобовите.

 

 

И не, не значи дека ако ги крцкате зглобовите, ќе ви се тресат рацете. Тие две работи се речиси и неповрзани. Тресењето на рацете може да е последица на прекумерен внес на кофеин или алкохол, но исто така може да биде и предзнак за некоја болест, па во тој случај посетете доктор и направете проверка.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *