Момче е суспендирано од училиште откако „загрижените“ родители дознале за работата на мајка му од 480 илјади годишно: „Тоа е неправедно и понижувачко“

Една американска мајка е бесна откако нејзиниот седумгодишен син бил „суспендиран“ од училиште откако вработените и родителите дознале за нејзината ризична работа.

 

 

Сара Блејк Чик, од Флорида, вели дека била принудена накратко да го учи својот син дома затоа што тој добил суспензија откако родителите што озборувале дознале дека работи на „OnlyFans“.

31-годишната мајка на четири деца, која заработува 480.000 долари годишно преку платформата, изјави дека е „понижена од третманот на училиштето кон неа“.
„Мојот син беше дури и суспендиран од училиште и во обидот да комуницирам со директорката, таа одби да разговара со мене или да даде причина зошто бил третиран лошо“.

Сара вели дека нејзината работа „не се разликува“ од познатите личности кои снимаат секс сцени или се појавуваат во филмови топлес, а реакцијата на училиштето на нејзиниот приватен живот е „неправедна и ужасна“.
По краток период на домашно школување на нејзиниот син, таа го запишала во блиското државно училиште каде што тој е соодветно третиран.

Пред суспензијата, Сара вели дека и било забрането да учествува во фудбалската организација на нејзините деца и дека не можела да ги носи на вежбање, да присуствува на натпревари или да комуницира со тренерите.

 

„Ме избришаа од животите на моите деца и ме понижија за она што го правев приватно“, вели таа.

Сара се отвори за тешкотијата за тоа да се биде самохрана мајка, па така доби поддршка од колешката од „OnlyFans“, моделот Викторија Трис, која поднела тужба против јавните училишта во округот Оринџ, откако и било кажано да се откаже од улогата на волонтер во училиштето на нејзините синови.

Мајката на две деца вели дека поминала повеќе од пет години помагајќи при организирање роденденски забави и екскурзии во училиштето на нејзините синови, пред еден навреден родител да испрати е-пошта до директорот и да ја изрази својата загриженост за нејзината работа.

Сара вели дека е „погрешно“ училиштата да ги третираат поинаку поради нивниот приватен живот, бидејќи сè што се обидуваат да направат е да им обезбедат на своите деца подобар живот и образование.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *