По утрото, денот се познава: Еве како 9 познати билионери ги започнуваат своите утра

Утрото на Опра е многу исполнето. Првата работа што ја прави кога станува во седум часот е да ги измие забите пред да ги прошета своите пет кучиња. Додека чека да се подготви нејзиното еспресо, таа чита картичка од нејзината кутија „365 собрани вистини“. Потоа, таа се свртува кон апликацијата на нејзиниот телефон за да го чита нејзиниот дневен „Bowl of Saki“. Потоа, таа медитира проследено со едночасовно вежбање во ридовите на нејзиниот двор.

Утрото на Илон Маск не е толку мирно како на Опра. Тој, исто така, се буди во седум, но тој започнува право со работа. Илон поминува половина час читајќи и одговарајќи на критичните мејлови додека пие кафе. Тој вели дека е премногу зафатен за појадок. Откако ги испратил своите пет сина на училиште, тој се тушира, а потоа вози на работа. Звучи обично за некој кој работи до 120 часа неделно.

 

Основачот на „Твитер“ Џек Дорси вели дека станува од кревет во 5 часот наутро медитира 30 минути, а потоа трипати завршува седумминутно вежбање. После тоа, тој го пие утринското кафе и се „чекира“ на „Твитер“.

Ворен Бафет сака да спие. Тој вели дека обично спие полни осум часа навечер. Тој, наводно, се буди во 6:45 часот и го започнува денот читајќи весници како „Вол Стрит Журнал“ и „УСА Тудеј“.

Џеф Безос исто така го цени својот сон. Тој вели дека тоа го прави приоритет. Сепак, Безос наводно се буди природно, без аларм. Сака да одржува состаноци кои бараат висок коефициент на интелигенција наутро пред ручек, идеално во 10 часот.

Бил Гејтс го започнува денот со кардио. „Њујорк тајмс“ објави дека Гејтс поминуа еден час на лента за трчање додека гледа едукативни ДВД-а. Тој вели дека ужива во житарките со какао, но неговата сопруга Мелинда вели дека не појадува.

 

 

Многумина од нас не можат да замислат утро без кафе, но Сара Блејкли може. Основачот на „Spanx“ вели дека никогаш не испила шолја кафе. Наместо тоа, таа пие смути направено од замрзнати шумски плодови, темни цреши, кељ, урми, цимет, спанаќ, цилинтро, свежо нане, лимон, вода, мраз, чиа и ореви. Блејкли, исто така, се обидува да одржи јога сесија во 6:30 часот пред да ги однесе своите деца на училиште.

Марк Цукерберг останува верен на својот бренд. Првото нешто што го прави е што го проверува телефонот во кревет.

 

 

Анастасија Соаре е основач на брендот за шминка „Анастасија Беверли Хилс“. Посегнув по телефонот кога ќе се разбуди во 7:00 часот. Очигледно, „Инстаграм“ е првата апликација која ја проверува секое утро. Таа секогаш има две шолји црно кафе и јаде лесен појадок додека одговара на мејлови. Кај неа повеќето денови доаѓа нејзиниот личен тренер и таа вежба по еден час. И, се разбира, таа никогаш не излегува од дома без да си ги направи веѓите.

  • Ljube напиша:

    Gluposti na kup

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *