Згодни жени вежбаат, мажи не можат, а да не погледнат! Трендот на „Тикток“- зјапач во теретана, јавно ги покажува мажите кои не можат да одолеат на згодните вежбачки. Но, големото прашање е: кој е вистинската жртва?

Жените на „TikTok“ почнаа да се снимаат како вежбаат во обид да фатат непристојни мажи во теретана – но луѓето се поделени околу тоа кој е навистина виновникот тука.

Во текот на изминатите 18 месеци, видеата со хаштагот #GymCreep и #GymWeirdo – главно поставени од корисници од Велика Британија и САД – собраа над 100 милиони прегледи на платформата.

 

Минатиот месец, американската инфлуенсерка Џина стана вирална кога сподели клип од „морничав“ маж кој се позиционираше блиску до местото каде што таа крева тегови.
Додека таа продолжува да ги крева тежините, клипот го прикажува анонимниот постар маж како се поставува веднаш зад Џина.
Чувствувајќи се загрозена од неговото присуство, Џина вели: „Теретаната беше практично празна и има толку многу места кадешто тој може да оди, но тој го избра ова место“.

Решена да не дозволи да ѝ го прекине тренингот, Џина продолжила со чучњевите пред огледалото. Во позадина, човекот – кого таа го обвини дека ја гледал неколку минути претходно – се гледа како се движи кон неа. Објаснувајќи зошто ја извадила камерата, Џина додаде: „Почнав да го снимам, па сега на сите ни е непријатно заедно“.

 

 

Уште повеќе, Џина вели дека се чувствувала толку загрозена од однесувањето на мажот што сега не се чувствува безбедно кога се враќа во теретаната.

Таа додаде: „Никогаш не се враќам во оваа теретана“. Апелирајќи на другите жени да останат внимателни, Џина го објавила клипот: „Бидете внимателни таму девојки бидејќи wtf??“
Во август 2021 година, фитнес инфлуенсерката од САД Хајди стана вирална на платформата за споделување видеа, кога сподели слична снимка на која ја „следи“ колега од теретана.

 

Во видеото кое собра повеќе од три милиони „лајкови“, Хајди објасни како „морничав старец постојано доаѓал и зјапал во неа додека таа се движела низ салата користејќи различна опрема.

Дури и откако го замолила нејзиниот сопруг да дојде и да крева тегови покрај неа, човекот продолжил да зјапа. На снимката, исто така, се гледа како мажот гледа во насока на задниот дел на Хајди додека таа чучнува.

Фрустрирана од неговото однесување, Хајди вели: „Решив да престанам да вежбам и се загледав назад. Тогаш ми се смачи и отидов и му се обратив“.

Хајди тврди дека се соочила со мажот и му рекла дека неговото зјапање и прави непријатно, на што тој рекол дека само си гледа наоколу.

Во меѓувреме, фитнес тиктокерката Сонгета исто така сподели видео на кое е следена во теретаната. Клипот – кој собра над 209.000 „лајкови“ – ја прикажува Сонгета како се загрева правејќи некои истегнувања на просторот со тепих од нејзината локална теретана. Во позадина, постар маж е фатен на камера како гледа во неа од степ машината.

 

 

Во 2021 година, истражувањето на американската компанија „Run Repeat“ покажа дека 56 отсто од жените се соочиле со некаков вид на малтретирање додека вежбале.

Зборувајќи за Би-Би-Си , синџирот спортски сали во Велика Британија, „Нуфилд Хит“, рече дека имаат „пристап на нулта толеранција“ за вознемирување – што може да резултира со итно прекинување на членството.

Претходно оваа година, еден фитнес фанатик предизвика жестока дебата на интернет откако критикуваше различни видеа на жени кои тврдат дека биле малтретирани од мажи во теретана – инсистирајќи дека „не се жртви“ само затоа што момците ги гледаат додека вежбаат.

 

Џои Свол, тренер, кој го дели своето време меѓу Лос Анџелес и Њујорк, неодамна предизвика голема расправија на интернет откако почна да одговара на „TikToks“ објавени од жени во теретана кои рекоа дека им било непријатно бидејќи мажи ги гледаат.

Џои инсистираше на тоа дека „има голема разлика“ помеѓу тоа што некој едноставно гледа или зјапа во жена.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • Arapot напиша:

    Нека облечат уште нешто пократко и потесно, нека ги напикаат тоа гаќите во г’зот повеќе, нека им се гледа Camile toe тоа навлажнетите пичиња спремни за едно плескање, па се прават наивни и невини ги манијачеле ги следеле им било неудобно. Море м’рш у пичку матер ефтини ороспичиња желни за внимание и слава.

    Што не ја следат баба Ѓурѓа или водителката на Канал 5 на вести, не ги следат зошто се облечени пристојно и имаат кодекс на облекување а не како овие разголени, по долен веш скоро и прслук “gym outfit” жими ку*ов

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *