Пуста желба: Тинејџер од Албанија се обидел да влезе во Британија преку Франција криејќи се во ДЕТСКИ КОВЧЕГ
Албански тинејџер мигрант бил фатен како се обидува да влезе во Британија од Франција, превезувајќи се во детски ковчег.
17-годишното момче, кое било пронајдено при рутински претрес на комбе, било свиткано во мал дрвен ковчег на кој му бил затворен капакот.

Француските гранични службеници го откриле малолетникот во ковчег долг само 1,5 метар.
Тинејџерот, кој не може да се идентификува од правни причини, тврдеше дека платил 10.000 евра за неговиот премин во Британија со комбето „Мерцедес Спринтер“.
Тој изјави пред судот: „Влегов во ковчегот на сервисната станица на автопатот во Стинворде, северна Франција и потоа бев зашрафен. Мора да бев внатре најмалку еден час пред комбето да биде запрено“.
Момчето било пронајдено скриено меѓу дрвени кутии во задниот дел, а потоа било ослободено по проверката од француските власти.

Возачот на комбето, Романецот Лусијан-Раду Ризае, тврдел дека нема поим дека мигрантот се наоѓа во комбето. Ризае призна дека добил 5000 евра за транспорт на ковчегот за време на брзо судење во Данкерк и доби шестмесечен притвор.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно