МВР веднаш стапи во акција после интервјуто на Латас во кое тој раскажа како ја изгубил невиноста
Интервјуто на новинарот Драга Павловиќ Латас во поткастот на јутјуберот Стефан Лазаров предизвика бура од реакции во јавноста. Делот во кое што Латас раскажува за своето прво сексуално искуство многумина го гледаат како силување додека други велат дека никаде не бил спомнат зборот „силување“.
Во интервјуто Латас раскажува како изгубил невиност на 14-години откако некој негов повозрасен другар му дозволил да има однос со неговата распарталена и разголена девојка во „фиќо“, откако тој претходно „завршил работа“. Претходно Латас раскажа дека тој негов пријател бил насилен кон девојките и ги тепал за да има секс со нив.
Па исто така ова предизвика и реакција од Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Иако мислењата се поделени, поголемиот дел од јавноста е згрозена. Стефан Лазаров слатко се смее за тоа што го раскажува Латас, и исто така луѓето се згрозени од моментот дека сето тоа е сосема нормално да се зборува во интервју и да се „величи“ со зборовите ИСКИНАВМЕ – така ја опиша емисијата со Латас самиот Лазаров.
МВР се одлучи да не чека и денеска поднесе Известување до надлежното Јавно обвинителство, во врска со претходно објавено интервју Јутјуб каналот. Имено, Известувањето е поднесено по преземени мерки и активности од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, заедно со целокупниот документиран материјал за понатамошно постапување.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Pero za komentar i mislenje
Helslinski komitet i MVR gi resia problemite koi se slucuvaat sekodnevno,pa sigurno ke go resat i ovoj od pred 50 god.Abe MONTI PAJTON moze samo vo Makedonija da pocne da snima novi epizodi.
Умре Југославија, Голи Оток се запусти. Знам дека има премногу работа за да блесни во сјајот што го имал некогаш, ама знам дека само од МКД има доволно кандидати за тој потфат.
Коментирај анонимно