Семејството на турското момче кое сними емотивно видео за збогум раскажува за траумата додека гледа како домот им го снемува пред нивните очи
Додека семејството стои и гледа како ги собираат рушевините од нивната куќа и наскоро таму нема да остане ништо, ја споделија нивната страшна приказна. Турското момче раскажа дека како што почнал земјотресот нивната куќа била срушена веќе во 6-тата или 10тата секунда. Додека да успее да истрча до вратата тој се нашол под рушевините и мислел дека никогаш повеќе нема да го види неговото семејство и дека најверојатно и тој да се спаси тие сигурно се мртви. Но, моментот кога ги видел бил најсреќен на целиот свет и не посакал ништо друго.
Додека мајката цела во солзи раскажува дека додека биле под урнатините викала речиси без глас по својот син и си помислила: „Ќе умреме но барем и Таха да беше со нас, барем да беа сите деца со мене кога ќе умрам“.
А таткото раскажа како мислел дека неговиот син е мртов. Додека другите деца биле со нив и постојано му викале „ Тато ми студи. Тато не можам да дишам. Тато извади не одовде“.
„Со тоа што ги тешев нив, некако наоѓав сила за живот“ – рече таткото.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

rzDXtuKAQGTPq
gpAGCycj
DXRGgLkTvJlZY
Коментирај анонимно