Чистач мора да плати 600 пати повеќе од што зработува затоа што оштетил патики на клиент
Чистачот на чевли кој наплаќа еквивалент од само 5 евра за целосно чистење на чевлите е принуден да плати повеќе од 600 пати повеќе од таа сума на штета, откако случајно оштетил пар патики Nike, од ограничена серија. Г-дин Лиу се појави во судот во Хангжу, Источна Кина, откако г-дин Веи го обвинил дека ги уништил патиките од ограничено издание.
Веи ги купил патиките во 2019 за 4.200 евра иако нивната првична цена како нови била само 230 евра. Патиките „Off-White x Air Jordan 1“ пуштени во продажба во 2010 година биле дизајнирани од страна на Виргил Аблох, дизајнерот на Луј Витон и ја прикажаа црвената, белата и црната шема на бои на Chicago Bulls каде што играше Мајкл Џордан.
Според судските документи, Веи ги испратил своите патики во продавницата на Лиу да бидат исчистени за цена од 5 евра. Меѓутоа кога дошол да ги земе по три дена патиките биле толку оштетени што како што вели тој „не можел да ги препознае“.
Исто така Лиу на своја рака заменил дел од патиките кој бил премногу оштетен. Веи му поднел граѓанска тужба и добил, иако луѓето во Кина се на страна на чистачот на чевли. Тие сметаат дека е бизарно да се дадат толку многу пари за обични патики, а потоа да се однесат за некој да ги исчисти за толку ниска цена. Веи би требал да го превиди ризикот и доколку толку му значат патиките посодветно да се погрижи за нив.