Инспиративната приказна за девојката која ја победи анорексијата со кревање тегови

Ова е приказната на Ева Фајв, анорексичната 18-годишна девојка вработена во центар за повици.

Таа го допрела дното кога нејзините родители се развеле, што предизвикало депресија и анксиозност кај неа. Проблемите продолжиле кога Ева станала опседната со својот изглед и развила пореметување во исхраната.

Еден ден, кога таа сфатила дека нејзината состојба влијае на нејзиното семејство, Ева почнала да оди во теретана, каде што тренерот ја посоветувал наместо фитнес, да се обиде со кревање тегови.

Сега тренира пет пати неделно и јаде правилно.

Ева сега се подготвува за својот прв натпревар, во кој има за цел да подигне 115 килограми, што е двојно повеќе од сопствената тежина.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *