Компанија побара од 100 луѓе да нацртаат 10 логоа на автомобили од сеќавање и резултатите се урнебесни
Van Monster, најголемиот препродавач на половни автомобили во Велика Британија сакал да открие колку добро луѓето ги препознаваат логоата на автомобилите, без да фрлат поглед на нив. Компанијата собра 100 луѓе (54 жени и 46 мажи) со различна возраст и им кажа само дека ќе бидат замолени да нацртаат 10 предмети. Како што започна експериментот, учесниците беа седнати во посебни штандови и им беа дадени истите комплети бои заедно со 10 парчиња хартија со името на секој автомобил на врвот. Ним им беше дадено неограничено време да ги нацртаат сите 10 логоа.
Додека околу 80% од цртежите ги користеле вистинските бои, а 78% од главните облици на логоа биле точни луѓето имаат потешкотии да запомнат други детали. „Севкупно, само 12% од цртежите беа близу совршени, а 26% беа добри, но не и совршени. Општо, како што се очекуваше, колку е поедноставно логото, толку полесно и учесниците се сеќавале на него.“, велат од Van Monster.
BMW
Еволуција на BMW лого
Audi
Еволуција на Audi лого
Alfa Romeo
Еволуција на Alfa Romeo лого
Ferrari
Еволуција на Ferrari лого
Ford
Еволуција на Ford лого
Volkswagen
Еволуција на Volkswagen лого
Peugeot
Еволуција на Peugeot лого
Renault
Еволуција на Renault лого
Toyota
Еволуција на Toyota лого
Vauxhall
Еволуција на Vauxhall