Еден од омилените актери во Холивуд изгледа непрепознатливо за снимањето на нов филм. Можете ли да погодите кој е тој?

Холивудскиот актер изгледа непрепознатливо со долга сива коса на снимањето на новиот филм „Four letters of love“ кој се снима во Северна Ирска.

 

Филмот, заснован на најпродаваниот роман на Најл Вилијамс, моментално се снима во градот Баликасл, а продукцијата привлекува толпи локални жители додека актерите почнаа да работат. Главните улоги во проектот ги толкуваат Хелена Бонам Картер и Габриел Бирн, заедно со ѕвездата на „Normal People“, Фион О’Ши, кој ќе го толкува ликот Николас.

Актерот на снимањето во петокот имаше долга седа коса играјќи го таткото на Николас, Вилијам. Но, дали можете ли да погодите кој е? Тоа е Пирс Броснан! Мора да признаеме дека 69-годишниот актер изгледа сосема поинаку и трансформацијата е успешна.

„Four letters of love“ ја раскажува приказната за Николас и Изабел (Ен Скели) на кои им е судено да бидат заедно.

Едно утро, таткото на Николас, Вилијам верува дека зборувал со Бога. Тој веднаш ја напушта работата и се посветува на сликарството, оставајќи ги сопругата и синот сами да се снаоѓаат. Во меѓувреме, Изабел живее мирен живот на остров со нејзините родители (Хелена и Габриел) и братот Шон. Катастрофата се случува кога Шон има напад на парализа додека ја придружува Изабел додека танцува. Совладена со чувство на вина, Изабел решава да оди на училиште на копното додека се обидува да ја заборави трагедијата.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *