32-годишна жена која постојано има тајни афери со други мажи открива како тоа го СПАСИЛО нејзиниот 10-годишен брак

Повеќето парови одат на разговори со психолози за да го излечат распаднатиот брак, но една жена зазеде многу помалку доблесен пристап. Лејла (32) од Канбера е во брак 10 години со својот сопруг и редовно бара афери во обид да ја одржи врската „на вистинскиот пат“.

 

„Во брак сум 10 години и мојот сопруг е неверојатен. И двајцата работиме и сме поголемиот дел од времето професионално зафатени, но гледаме да поминуваме колку што можеме повеќе време заедно“.

Но интимноста во нејзиниот брак одамна ја нема и нејзиниот сопруг повеќе не е заинтересиран за таа страна од бракот. Како што тврди Лејла таа се обидела да ја обнови интимноста, но колку и да се трудела, едноставно не успеала – иако сè друго во врската е совршено.

„Додека бев во среќен брак, бев осамена, навистина осамена“, рече Лејла, која се обрати на веб-страницата за афери Ешли Медисон во февруари за да побара вонбрачен партнер.

„Запознав неколку навистина прекрасни луѓе и отидов на состаноци со кафе и пијачки состаноци во кои уживав. Но, само сакав да најдам една личност со која ќе се поврзам“.

И нејзината желба се исполнила, со тоа што Лејла го запознала оженетиот маж Џејми во март 2018 година, само еден месец подоцна. И сега ужива во нејзината афера.

Па дали ова го спаси 10-годишниот брак или едноставно продолжува нешто што одамна требало да заврши? Сепак изгледа модерното време наоѓа одлични „решенија“ и затоа сите „пукаат“ од среќа.

  • АјФакОф напиша:

    Добро бе Мотика, западњачка пара почна да ви влегува?! Шо е со статиите за аферите, изневерувања, па нели вие поддржувавте традиционални вредности и морал, како што негувате историја и патритиотизам или се се менува за добра паричка?! Бришете вакви статии, не ве личи

  • taurus напиша:

    LJube………..koga imas grav …jas idam.. 😉

  • Nekoj напиша:

    da ja nasamara nekoj pa da vidi taa

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *