55-годишната Никол Кидман нѐ потсети колку добро изгледа и каква нога „држи“

Никол Кидман во преубаво издание на вечерата пред доделувањето на Оскарите, организирана од Шанел и Чарлс Финч во Лос Анџелес во саботата. Четиринаесеттата годишна вечера се одржа во Поло салонот во култниот хотел Беверли Хилс и ги спојува врвните таленти на Холивуд и модната елита на една гламурозна вечер.

 

   

 

За време на настанот, актерката (55) ги покажа своите затегнати нозе во темносино здолниште. Актерката совршено го споила модерниот и елегантен изглед со нејзината сексипилност.

А-листерката има долга историја со Шанел, бидејќи таа беше славно заштитно лице на иконскиот парфем на брендот Шанел No 5.

Никол Кидман позираше покрај Кристен Стјуарт и Марион Котијар. Никол и Кристен дури беа забележани како делат топла прегратка додека влегуваа во настанот.

   

 

Пред големиот настан Кидман сподели „жестока“ фотографија од нејзините невертојатни нозе прекрстени една преку друга.

Таа напиша: „Сабота навечер“

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *