Велика Британија ќе „си игра“ Армагедон во следните неколку недели при што на илјадници телефони ќе се активира алармот за опасност по живот

Обединетото Кралство е подготвено да тестира застрашувачки „аларм Армагедон“ во рок од неколку недели. Милиони ќе слушнат звук на аларм од својот телефон и ќе добиваат предупредувачки текстуални пораки како дел од новата проба на владата за системот за итни случаи.

 

 

Системот е дизајниран да ги предупреди луѓето доколку има „опасност по животот“ во близина, при што претстојното тестирање ќе се фокусира на поплави и екстремни временски услови. На сопственикот на телефонот потоа ќе му бидат дадени детали за итниот случај, заедно со совети што да прави и како да побара помош.

Министерот од Кабинетот, Кит Малтхаус, откри дека новата шема ќе ѝ овозможи на владата „посеопфатно да ги предупредува луѓето“ за непосредна опасност како што се поплави, бури, шумски пожари или терористички напади.

  • Чкорче напиша:

    За Сармат ќе има предупредување?

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *