ЧУДО: 81 годишен Американец заглавил со автомобил на снежна бура една недела и јадел снег и кроасани за да преживее

Еден постар жител од Калифорнија бил заглавен во автомобил, по снежна бура на патот кон Долината на смртта една недела и јадел снег и кроасани една недела за да преживее.
Џери Алан Журет (81) исчезнал на 24 февруари. Последното нешто што се знаеше за Американецот беше дека тој ќе замине од калифорнискиот град Биг Пајн во градот Гарднервил, Невада. Растојанието меѓу нив е околу 270 километри.

На 2 март, пилотите на патролен хеликоптер го забележале неговиот „Ford Escape“ закопан под снег на автопатот што води до Долината на смртта. „Кога полицијата долетала поблиску, мажот го спуштил прозорецот и почнал да мавта со раката од автомобилот“, соопшти полицијата.

Се испостави дека Журет го зафатила снежна бура и се заглавил. Сето ова време Американецот преживеал јадејќи снег и кроасани. Мажот бил пренесен во болница, каде истиот ден бил отпуштен. „Мислам дека тоа е чудо. Беше толку среќен што конечно беше спасен и се смееше сè до аеродромот“, вели братот на спасениот.

 

 

 

 

 

 

 

 

  • aneta напиша:

    kaj i da e holivud ke snimi film za nastanov

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *