Ве нервира кога на испраните алишта ќе им дојде редот за средување? Оваа жена ќе ви открие вирален трик со којшто ќе се спасите од оваа мака!

Мајка на три деца сподели „генијален“ трик за перење алишта што го преполовува времето потребно за извршување на нејзините домашни задолженија.

 

 

Тифани Ли на „TikTok“ откри како ја совладала уметноста на перење алишта за нејзините деца. Мајката раскажа како никогаш не ги дипли алиштата на своите деца и користи посебни корпи за секое дете.

И покрај тоа што ја нарекуваат мрзлива, Тифани рече дека нејзиниот трик ѝ го направл животот многу полесен.

Во клипот, кој собра повеќе од 800.000 прегледи, мајката им покажа на повеќе од 7.000 следбеници како можат да го изведат нејзиниот трик што ќе им го промени животот.

„Ме нарекуваат мрзлива зошто го правам ова, но мислам дека е генијално“, напишала таа во своето видео.
Тифани продолжува: „Како што можете да видите, зад мене имам канти. Секоја канта е за различна личност во моето семејство. И не диплам… ги вадам работите директно од машината за сушење и ги фрлам во канта за личноста на која и припаѓаат“.

 

Откако ќе ги наполни корпите со облеката на своите деца, ги носи во нивната соба.

Потоа, таа ја става новоисчистената облека во уште повеќе канти кои се наоѓаат во „полици со коцки“.

Таа објасни дека кога ги става во полиците со коцки, не ги превиткува, туку само ги фрла и „продолжува со својот живот“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *