Погледнете кое е најчудното прашање поставено некогаш на интервју за работа… И, како би одговориле вие?

Една жена стана вирална откако го откри ужасното прашање што и го поставил потенцијалниот работодавец, опишувајќи го како „ново ниво на пекол за аплицирање за работа“.

Салем Пирс (30), графички дизајнер, го запрепасти „Твитер“ минатиот месец кога објави скриншот од несоодветното прашање додека аплицирала за водечка позиција за визуелен дизајн во неименувана компанија онлајн.

 

 

Прашањето било: „Како мислите дека животот ви функционирал досега? Снимете краток, приближно 2-5 минути видео запис со одговор и прикачете го овде“.
„Новото ниво на пеколот за аплицирање за работа“, напиша таа на „Твитер“ заедно со фотографијата, која е прегледана повеќе од 2,2 милиони пати.
Многу коментатори беа згрозени од наметливото прашање, нарекувајќи го „грозоморно“ и „буквален кошмар“.

„За жал, понекогаш процесот на апликација за работа е сам по себе црвено знаме велејќи „не продолжувај, ова нема да биде добро место за работа“, истакна еден човек.

Голем број корисници на „Твитер“ беа загрижени дека видео одговорот ќе се користи за дискриминација на апликантите.

„Не знам од каде е ова во процесот на интервју, но не ми се допаѓа ова. Можев да видам толку многу начини на кои ова е навидум безопасен начин да се отстранат луѓето од заштитената класа под маската на „соодветност“ или „став“ или „харизма“, одговори еден корисник на „Твитер“.

 

Апликацијата за работа, исто така, ги инспирираше луѓето да ги споделат навредливите и неетички работи што им биле побарани за време на интервјуата.

„Еднаш ме прашаа на интервју за работа: „поголемиот дел од мојот тим се Евреи, дали ти си Евреин?“, коментира една жена.

„Еднаш аплицирав за работа во „Таргет“, едно од прашањата беше колкав процент од политичарите мислам дека се искрени. Не ја добив работата“, сподели некој друг.

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *