„Може да биде исклучително профитабилно“: Николас Кејџ се подготвува за нешто сосема друго и планира да се оддалечи од големото платно
Можеби е познат по тоа што го краси големиот екран со своите актерски таленти. Но, Николас Кејџ се подготвува да направи изненадувачки потег во кариерата, според новиот извештај.

Оскаровецот (59) наводно ќе лансира сопствен бренд за алкохол, откако го ставил своето име на нов бурбон.
Извор изјави: „Во Холивуд е „најдобро“ да имате сопствен бренд на пијалок. Тоа може да биде исклучително профитабилно. Ник е човек од виски и бурбон и се разбира во тоа. Тој има одличен вкус, така што ова ќе биде добра работа“.

Исто така и Дејвид Бекам, бара да остави свој белег во индустријата за алкохолни пијалоци со лансирање на сопствен бренд. Поранешниот фудбалер (47) наводно се надева дека ќе создаде нешто како текила и виски со новиот бренд, покрај пивата. Од 2014 година, тој е заштитно лице на Haig Club, во сопственост на гигантот за пијалоци Diageo, но се вели дека одлучил да не го продолжува договорот со брендот – кој завршува во наредните месеци.
Дејвид бара партнери кои ќе му помогнат да го развие брендот за пијалоци. Додека публикацијата известува и дека покрај алкохолните пијалоци, се размислува и за безалкохолни пијалоци и безалкохолни пива.

Коментирај анонимно