Дознајте зошто овие грицки се добри за вас, па веднаш ќе сакате да го замените чипсот со нив!
Јадењето грст или околу 30 грама од микс јаткасти плодови дневно е поврзано со пониски нивоа на холестерол и кардиоваскуларни болести, според прегледот во кој беа вклучени речиси 2 милиони луѓе. Плус го намалува ризикот од страдање или смрт од срцев или мозочен удар за четвртина, според тимот на Универзитетот во Осло и Институтот Каролинска во Стокхолм.
Но, тие забележуваат дека не многу луѓе ја јадат оваа количина на јаткасти плодови и семки дневно.
Британците јадат само 6 грама јаткасти плодови и семки дневно, додека Американците во просек јадат само 1 грам.
Истражувачите прегледале 60 студии, кои вклучиле 1,9 милиони учесници, за да утврдат дали постои врска помеѓу консумирањето јаткасти плодови и семиња и ризикот од кардиоваскуларни болести, срцеви заболувања, мозочен удар и дијабетес тип 2.
Студијата, објавена во списанието „Food and Nutrition“, беше спроведена за да придонесе кон новите нордиски диететски упатства.

Резултатите покажуваат дека оние кои консумирале „висок“ процент на семки и јаткасти плодови, од околу 30 грама, имале 19 отсто помали шанси да заболат од кардиоваскуларни болести и 23 отсто помали шанси да умрат од тоа, во споредба со оние кои јаделе многу помалку.
Фанатиците на јаткасти плодови и семки исто така имале 18 отсто помали шанси да страдаат од срцеви заболувања и 25 отсто помали шанси да умрат од тоа.
Ерик Арнесен, научен соработник на Универзитетот во Осло и прв автор на студијата, рече: „Ако јадете грст јаткасти плодови секој ден, што е околу 30 грама, ќе имате 20 до 25 отсто помал ризик да страдате од кардиоваскуларни болести“.
За споредба, возрасните во нордиските земји во просек јадат само околу 4 грама јаткасти плодови дневно. Многумина воопшто не јадат јаткасти плодови или семки“.
Се чини дека бадемите, ф’стаците и оревите се најдобри јаткасти плодови за јадење кога станува збор за намалување на холестеролот.
Но, авторот на студијата г-дин Арнесен инсистираше на тоа дека не постојат убедливи докази кои сугерираат дека на луѓето треба да им се препорача да јадат одредени видови јаткасти плодови наместо други.
Наместо тоа, тој предлага да јадете „колку повеќе толку подобро“ кога станува збор за грицкање јаткасти плодови.

Сепак, „NHS“ советува да ги јадете умерено, бидејќи се богати со масти и калории.
Г-дин Арнесен рече дека јаткастите плодови имаат корисен ефект врз холестеролот, затоа го спречуваат таложењето на маснотии во артериите, што е еден од најголемите фактори на ризик за срцев удар.
Сепак, истражувачите не можеа да потврдат дали јадењето јаткасти плодови го намалува ризикот од дијабетес тип 2 и мозочни удари, бидејќи се чини дека грицките не влијаат на крвниот притисок или на нивото на шеќер во крвта.
Една од причините зошто истражувачите веруваат дека јаткастите плодови се толку добри за вас е поради составот на масните киселини во јаткастите плодови.
Г-дин Арнесен заклулува: „Иако јаткастите плодови не можат да се користат за лекување на висок холестерол, ние веруваме дека ефектот е доволно значаен за да се користи како превентивна мерка кај општата популација“.

Коментирај анонимно