Џереми Корбел, режисер и уфолог: „САД имаат на располагање неоштетени воземски летала“

Џереми Корбел, автор на најновиот документарен филм за Боб Лазар и Областа 51, потврди дека САД поседуваат неоштетени вонземјански бродови.
„Сигурно знам и докажано е дека имаме бродови и машини кои се обидовме да ги реверзификуваме и дека тие не се од овде. Кој и да ги изградил овие машини изгледа дека има натчовечка интелигенција“, вели Џереми Корбел.

 

Режисерот потоа се осврна на специјалните програми за пристап кои беа посебно финансирани за работа на овие материјали и бродови, посочувајќи дека големата тајност во оваа работа има очигледна причина.

„Се што ќе се добие може да се претвори во оружје за масовно уништување. Самиот погонски систем на овие бродови е гравитациски. Ако некој може да сфати како да го изгради, како Кина или Русија, тогаш таа нација ќе има најголема предност во однос на другите нации“.

„Значи, луѓето во нашето Министерство за одбрана го сфаќаат многу сериозно“, објасни Корбел. „Лично можам да ве уверам дека е така. Ова не е минорна тема, таа е класифицирана на највисоко ниво на национална безбедност“, додава тој.

 

Забелешките на режисерот се во согласност со изјавата дадена за „Newsweek“ од американскиот конгресмен Тим Буршет претходно овој месец.

„Во одреден момент го вративме бродот“, рече политичарот. „Мислам дека многу од тие работи се реинженерираат во моментов“.

  • Васе напиша:

    Не читам тука никаков доказ! Би требало да му веруваме на збор, нели!?

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *