Каде си бе свињо? (виц)
Жената му ѕвони на својот маж и налутено прашува:
– Каде си бе, свињо? Се стемни, а ти уште од работа не си вратен!
– Полека ма, полека… ти текнува ли на златарата во центар, каде што си бендиса едни многу убави обетки?
Тишина… Жената по кратко размислување:
– Да, миличок…
– Е па, јас сум во кафаната до златарата со другарите…
Коментирај анонимно