Од старлета до „светица“: Блек Чина поминува низ процес на исцелување, отфрлајќи ги пластиките и неморалот од нејзиниот живот

Во неделата, 34-годишната ѕвезда, сподели две видеа кои го документираат нејзиното патешествие кон прочистувањето.

„Ја ослободувам сета негативна енергија што ме кочи“, објасни Блел Чина – која може да се пофали со 21,8 милиони следбеници на социјалните мрежи.

 

Цената на „Clear Out Ink“, односно, бришењето на тетоважите започнува од 100 долари/третман, но може да бидат потребни само три или дури и 12+ ласерски сесии (со растојание од шест до осум недели) за целосно отстранување на мастилото.

Таа ги отстранува сите тетоважи вклучувајќи ја и „демонската“ тетоважа на нејзиниот грб.

 

 

Поранешната стриптизета неодамна искрено откри како крштевањето и повторното поврзување со Бог ја инспирирало нејзината драматична физичка и ментална промена, поради што таа ги тргнала филерите, ја напуштила својата „понижувачка“ кариера на „OnlyFans“ и го прифатила своето родено име.

 

 

Откако првично им наплаќаше на претплатниците 10 долари месечно за нејзината содржина, таа почна да наплаќа 50 долари месечно за претплата, додека исто така нуди тримесечен пакет за 127,50 долари и претплата за цела година за 450 долари.

Отворајќи се за тоа како тој момент оттогаш влијаел на нејзиното одлучување, таа изјавила: „Мислам дека моето крштевање на мојот роденден одигра голема улога. Сè се редеше совршено“.

 

      

Сепак, таа ги отфрли сите кои се сомневаат во нејзините намери, изјавувајќи: „Ако не ви се допаѓа, тогаш едноставно не ви се допаѓа. Но, јас ќе ви го кажам ова, постои Бог. Никој не може да ви каже што да правите со вашата религија или вашата вера или ова или она“.

Како што Анџела продолжува со својот нов живот како повторно родена христијанка, таа ги презема чекорите потребни за да се врати на своето природно тело откако ги тргна сите филери и додатоци на нејзиното лице и тело.

 

 

Во последниве недели, обожавателите го следеа патувањето на ѕвездата бидејќи таа ги намали градите, ги отстрани силиконските филери во нејзиниот задник и ги раствори нејзините филери за лице.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *