„Сите останете заклучени дома, во дворот може да имате тигар!“ Два тигри побегнаа од сафари парк во Џорџија, откако силно невреме им ги уништи живеалиштата

Двата тигри кои избегаа од зоолошката градина во Џорџија, откако торнадо удри во неделата наутро, се официјално пронајдени.

Сафарито за диви животни на „Pine Mountain“ потврди дека двете животни, кои накратко беа на слобода, биле лоцирани, смирени и безбедно вратени во нивниот простор.

 

 

Претходно во неделата, Канцеларијата на шерифот на округот Труп објави дека најмалку еден тигар е изгубен по торнадото, кое се случи околу 7 часот наутро и ги оштети кафезите на тигрите.
Сафарито за диви животни сè уште е затворено за јавноста по невремето – откако жителите во градот со 1.500 жители претходно беа повикани да останат во затворени простории.

Потврдувајќи дека дивите животни се пронајдени, зоолошката градина напиша: „Како и поголемиот дел од Југозападна Џорџија, „Pine Mountain Safari“претрпе голема штета од торнадото ова утро. За среќа, никој од нашите животни и вработени не беше повреден. Сепак, неколку куќишта за животни беа скршени, а два тигри накратко избегаа. И двајцата се пронајдени, смирени и безбедно вратени во безбедна просторија. Ја цениме вашата грижа и поддршка во овој тежок период“.

 

Според веб-страницата на „Wild Animal Safari“, „нема кафези – животните слободно шетаат и може дури и да се приближат до вашата група“ на сафарито со возење.

„DailyMail.com“, исто така, допре до сафарито за повеќе информации за тигрите.

Паркот претходно се најде на насловните страници минатата година, откако вирално видео покажа дека дивите животни гладно му приоѓаат на пар во нивниот автомобил.

 

 

На видеото, снимено на 29 март 2022 година, Морган Мозли (28) може да се слушне како вика од страв додека животните се приближуваат.

Кога една мала група зебри доаѓа до автомобилот, таа извикува: „Ох по ѓаволите“ и набрзина фрла храна надвор за да не се приближат.

 

Силните бури ширум Џорџија предизвикаа најмалку едно торнадо во округот Троуп рано наутро во неделата, каде властите известуваат за соборени дрвја, оштетени домови и прекин на електричната енергија.

На друго место во државата, забележан е голем град со големина на топчиња за голф.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *