Гоце Делчев: Најважните настани од животот по хронолошки редослед
Што знаеме за Гоце Делчев? Овој хронолошки редослед на настаните само ја откриваат неговата љубов, посветеност и борба за Макeдонија која не може да се негира.
1872 (4 февруари)
Роден е Георги (Гоце) Николов Делчев во Кукуш.
1879/1880
Гоце Делчев започнува да го посетува прогимназијалното училиште во Кукуш.
1886/1887
Гоце Делчев го завршува третиот клас на прогимназијалното училиште во Кукуш.
1888 (септември)
Гоце Делчев започнува во четвртиот клас на солунската машка гимназија.
1889 (април)
Гоце Делчев учествува во празнувањето на роденденот на турскиот Султан и при тоа му се припишува првиот изразен револт против султанската тиранија.
1890
Гоце Делчев е веќе петокласник во солунската машка гимназија; во исто време тој е раководител на тајниот ученички револуционерен кружок при гимназијата.
1891
Гоце Делчев е шестокласник во солунската машка гимназија.
1891 (јуни-јули)
Гоце Делчев се враќа во Кукуш на летен распуст.
1891 (почеток на јули)
Гоце Делчев со група свои сокласници заминува од Кукуш за Софија да се запише во Военото училиште.
1891 (11 јули)
Со наредба Н° 192 од 11 јули 1891 г. Гоце Делчев е запишан во списоците на Военото училиште во Софија.
1892 (мај)
Гоце Делчев како питомец во военото училиште се наога на логор во Књажево (во близина на Софија).
1892 (јули)
Гоце Делчев, со посредство на Коста Шахов, се среќава во „Борисовата градина“ во Софија со Иван Хаџи Николов,
1892 (3 септември)
Гоце Делчев е преместен во среднот клас на Военото училиште во Софија.
1893 (23 септември)
Гоце Делчев е преместен во постар клас на Военото училиште во Софија.
1893 (23 октомври)
Во Солун се формира македонска револуционерна организација.
1894 (15 август)
Во Ресен се одржува советување на Македонската Револуционерна Организација.
1894 (26 септември )
Со наредба Н-107 од 24 септември 1894 г. Гоце Делчев е отпуштен од софиското Воено училиште.
1894 (крајот на октомври)
Гоце Делчев пристигнува во Штип, каде што е назначен за учител во Ново Село и се среќава со Даме Груев.
1895 (април)
Гоце Делчев со Туше Делииванов патува за Кукуш, минува преку Овче Поле, Велес, Солун, Дојран, Струмица, Радовиш и се враќа во Штип. Гоце Делчев ја посетил и Виница (Кочанско) и ги уредил каналите на Организацијата.
1895 (јуни-јули)
Гоце Делчев, заедно со Даме Груев, го напушта Штип: Гоце извесно време е во Софија, се среќава со Трајко Китанчев и со раководителите на Врховниот комитет: Гоце Делчев го посетува и Солун и се среќава со дејци на револуционерната организација; во исто време Гоце Делчев ги обиколил Солунско, Кукушко, Гевгелиско.
1895 (септември)
Гоце Делчев е назначен за директор на штипските училишта.
1895 (17 октомври)
Гоце Делчев му пишува од Штип на Ефрем Каранов во Ќустендил, претседател на Македонското друштво во градот, во тоа писмо. Гоце Делчев ja изложува познатата поставка: „Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој и себе се лаже и другите…”
1895 (25 декември)
Гоце Делчев добива од Централниот комитет на Македонската организација полномошно со кое се испраќа во Бугарија да го попречи секое надворешно мешање во работите на револуционерната организација во Македонија.
1896 (почеток на јануари)
Гоце Делчев доаѓа во Ќустендил и го уредува пограничниот пункт на Организацијата и за началник го поставува Никола Зоргафов; Гоце ги обиколил Пехчево, Владимирово, Берово, Џумајско и Дупница. За пунктов началник во Дупница го поставил Никола Малешев.
1896 (почеток на февруари)
Гоце Делчев пристигнува во Софија за да го уреди прашањето за оружје и муниција и нивното префрлување во Македонија; се срекава со претседателот на Врховниот комитет генерал Николаев и ги изложува целите на македонското ослободително дело.
1896 (10 февруари)
По повод убиството на еден млад човек во Штип во градот се одржала демонстрација против власта; во неа учествувал и Гоце Делчев и држел говор.
1896 (април)
Гоце Делчев е затворен од турските власти во Штип во врска со аферата околу Доне Стојанов „Штипјанчето“
1896 (мај)
Гоце Делчев е повторно затворен и вратен во Скопје.
1896 летото
Во Солун се одржува конгрес на македонските револуционерни сили. На конгресот присуствува и Гоце Делчев: Гоце Делчев и Ѓорче Петров се ополномоштени да изработат Устав Правилник; изработениот устав носи наслов: „Устав на Тајната Македонско-Одринска Револуционерна Организација“: со време Внатрешна македонска револуционерна организација.
1896 (септември)
Гоце Делчев е во Банско (Разлошко). Истиот месец официјално ја напушта должноста главен учител во Банско.
1896 (21 декември)
Гоце Делчев го напушта Банско и се простува со учителскиот позив; тој е определен од Централниот комитет на ТМОРО за задграничен претставник на Организацијата во Бугарија заедно со Ѓорче Петров; на тие должности тие стануваат вистински претставници на македонското ослободително дело: Гоце Делчев бил зафатен и со организациони дејности одделно со организационата мрежа и со префрлање на оружје, муниција и литература.
1897 (11 март)
Гоце Делчев престојува во Ќустендил го уредува организациониот пограничен канал.
1895 (мај)
Гоце Делчев и Ѓорче Петров во с.Сабаар (Осоговска планина, Ќустендилско) уредуваат организациона фабрика за изработка на бомби.
1895 (2 јуни)
Гоце Делчев му пишува на Јосиф Ков претседател на Врховниот комитет, дека не го прифака изборот за член на Врховниот комитет
1897
Гоце Делчев прави обид за грабнување на Сен бег во Виница.
1897 (15 август 15)
Тој ce обидува да го фати струмичкиот бег Мафи.
1897 (септември)
Гоце се обидува да го фати струмичкиот бег Назлам-бег.
1897 (13 -16 ноември)
Разбојници навлегуваат во селото Виница и со своите зулуми ја предизвикуваат тн. „Виничка афера”, која негативо се одразува врз македонското население. Гоце се движи низ Виничко за да внесе бодрост кај народот. Виничката афера е првата голема афера со која се соочила Македонската револуционерна организација.
1898 (почеток на јануари)
Се востановува четничкиот институт: Гоце Делчев е назначен за началник на сите чети во Македонија.
1898 (13 февруари)
Гоце Делчев и Ѓорче Петров присуствуваат на заседанието со претставиците на Врховниот комитет за уредување на односите; привременото согласување немало долгo време.
1898 (крајот на декември)
ЦК на ТМОРО донесува Упатство од 14 точки за формирање на постојани околиски чети
1899 (февруари 25)
Гоце Делчев му пишува на Никола Малешевски во Дупница да води грижа за брат му Мицо Делчев, кој се наоѓал на школување во овој град.
1899 (мај 7)
Гоце Делчев преку Христо Настев му ја препраќа на г. Иванов книгата од Фенимор Купер „Шонон“.
1900 (февруари)
Тој му пишува на Никола Малешевски дека има намера да замине од Софија.
1900 (март-април)
Гоце Делчев го обиколува Одринско..
1900 (летото)
Мицо Делчев, братот на Гоце Делчев, станува борец во четата на Христо Чернопеев 1900 есента – Гоце Делчев се среќава со Иван Атанасов – Грчето во с. Моноспитово (Струмичко).
1900(октомври)
Гоце Делчев се движи низ источна и западна Македонија.
1900 (8 декември)
Гоце Делчев му пишува на Никола Малешевски дека се наоѓа во малешевскиот револуционерен реон.
1901 (4 февруари)
Загинува братот на Гоце Делчев – Мицо, во судирот во близина на с. Бајалци (Гевгелиско)
1901 (13 февруари)
Гоце Делчев се наоѓа на теренот на Горноџумајскиот револуционерен реон, на овој ден се наоѓал во с.Сушица (Горноџумајско).
1901 (20 февруари)
Гоце Делчев се наоѓал во с. Лешко (Горноџумајско); истата вечер заминува за с. Кансура (Горноџумајско).
1901 (4 март)
Во едно писмо до револуционерниот комитет во Горна Џумаја, Гоце Делчев соопштува дека бил затворен Централниот комитет во Coфија
1901 (8-14 март)
Гоце Делчев и Ѓорче Петров исправаат окружница по револуионерните реони и ја објаснуваат новонастаната положба со затворањето на Централниот комитет во Солун и даваат насоки за натамошна дејност.
1901 (мај)
Се запознаваат Гоце Делчев и Пеју Јовров во Софија: по средбата во хотелот „Батенберг“, постојаното живеалиште на Гоце Делчев во Софија.
1901 (16 мај)
Бил донесен вонреден протокол за соработка помеѓу Внатрешната организација и Врховниот комитет спогодбата ја направиле Гоце Делчев и другите членови на Внатрешнатата организација со претставници на Врховниот комитет. Врховниот комитет требало да дава само материјална и морална помош и поткрепа на македонската револуционерна организација.
1911 (агуст 21)
Кај месноста „Потпрена Скала“ ( Горна Џумаја) македонските револуционери Јане Сандански, Христо Чернопеев и Крсто Асенов со чета, успешно го изведуваат грабнувањето на американската мисионерка мис Елен Стон.
1901 (септември)
Од Радовишко Гоце Делчев се префрла преку Вардар во Тиквешијата и ги посетува Неготино, Кавадарци и околијата: насекаде одржува собири
1901 (октомври)
Гоце Делчев се префрлува за Прилеп и Битола
1901 (октомври)
Кај с. Тројани (Прилепско) Гоце Делчев се сретнал со Никола Петров Русин- оттука Гоце Делчев се префрла во Прилеп и таму престојува два дена и потоа оди за Битола.
1901 (ноември 20)
Гоце Делчев пристигнува во Битола каде што останал повеќе денови; во Битола се сретнал со Даме Груев, кој тогаш бил затворен во баталскиот централен затвор, оттука Гоце Делчев заминува за Костурско и Леринско.
1901 (4 декември)
Гоце Делчен пристигнува во с.Загоричани
1901 (26 декември)
Гоце Делчев го раковoди заседанието на револуционерниот суд во с.Загоричани.
1901 (29 декември)
Гоце Делчев свикува општ собир во с. Загоричани каде што одржува говор
1901 (31 декември)
Во Софија започнува да излегува весникот „Дело“ во редакција на Пеју Јоворов како „независен, македонско-одриски весник“: веснкот ги брани интересните на Внатрешната организација.
1902 (1-2 јануари)
Гоце Делчев во с.Загоричани присуствувал на новогодишните прослави; селото било опкружено од турска војска, Гоце Делчев успешно се извлекол и го напуштил селото.
1902 (јануари 7)
Гоце Делчев пристигнува во с.Зелениче, но поради потера заминува во с.Ракита.
1902 (24-25 јануари)
Гоце Делчев пристига во с.Гугово и на собир се простува со дејците од Костурскиот и Леринскиот револуционерен реон при разделбата Гоце Делчев одржува знаменит говор.
1902 (7 април)
На VI вонреден конгрес на македонсо-одринските друштва во Бугарија, што се одржал во Софија, Гоце Делчев одржува заменит говор, во кој се спротивставува на секое мешано влијание однадвор во работите на Внатрешната организација.
1902 (14-24 април)
Гоце Делчев престојува во Пловдив и Чепеларе.
1902 (пролет)
Гоце Делчев се враќа од Јужна Македонија и во с. Лешко (Горноџумајско) се среќава со војводата Крсто Асенов.
1902 (мај 24)
Весникот „Право“, бил поддржуван од Гопе Делчев и започнува да излегува со паролата „Македонија на Македониците”. Во весникот „Право“ Ѓорче Петров започнува да ја објавува својата статија: „Македонското ослободително дело на бугарска ночка“.
1902 (1 август)
Еден од секретарите на Конгресот на македонските друштва, што се одржувал во Софија, му дал на Гоце Делчев покана да присуствува на конгресот и да даде објаснување за Внатрешната организација
1902 (септември)
Гоце Делчев и Пеју Јаворов во Софија се среќаваат со Г. Пеев во неговиот дом.
1902 (септември)
Во Горноџумајско врховистите провоцирале „востание“, последиците од тоа „востание“ биле големи за населението; Гоце Делчев мошне енергично се спротивставува и ја осудува таа врховистичка провокација; посебeн револт пројавува за бегалците од Горноџумајско, кон преминале во Бугарија.
1902 (24 декември)
Централниот комитет на Внатрешната организација издава циркуларно писмо за одржување на конгрес во Солун на 1 јануари.
1903 (15-17 јануари)
Во Солун се одржал конгрес на Внатрешната огранизација, на кој е решено (на 16 јануари) на пролет да се крене востание во Македонија на 17 јануари Конгресот донесува Протокол.
1903 (јануари)
Против решението за подигање на востание се спротивставил Гоце Делчев, по негова иницијатива во Софија било организирано советување на група македонски револуционери меѓу кои биле: Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Јане Сандански, Пере Тошев, М. Герциков и други. Разгледуван е предлогот за подигање на востание: на собирот свои излагања имале Гоце Делчев, Ѓорче Петров и др. Тие сметале дека меѓународната и внатрешната ситуација на Македонија не е поволна за кревање востание, собирот се искажал против решението за подигање на востание,
1903 (19 јануари)
Гоце Делчев со чета тргнува за Македонија; со него е постот Пеју Јаворов; истиот ден пристигнуваат во Самоков.
1903 (20 јануари 20)
Четата на Делчев го напушта Самоков и пристига во Чамкорија
1903 (23 јануари)
Гоце Делчев со четата пристига на бугарската граница
1903 (24 јануари)
Гоце Делчев со четата се движи по границата, Пирин планина, Разлошка котлина: ноќта ја поминуваат во близина на турската стражарница.
1903 (25 јануари)
Рано изутрина Гоце Делчев со четата за минува границата и се упатува кон Банско.
1903 (27 јануари)
Во Банско се одржува собир. Гоце Делев држи говор: ваков собир бил одржан и за организационите луѓе од околијата: Гоце Дел повторно одржува говор.
1903 (28 јануари)
Гоце Делчев со четата го напушта Банско и заминува за Разлог. Каде што Гоце Делчев открива шпионска мрежа.
1903 (31 јануари)
Претпладне Гоце Делчев одржува собир на раководните луѓе; ноќта со четата преку Пирин заминува за Неврокопско
1903 (3-9 февруари)
Гоце Делчев со четата пристига во Каракоз странично село мегу Неврокопско, Демирхисарско, тука се одржува советување на организационите дејци од овие реони и се спомнува прашањето за востанието; на советувањето учествува и Јане Сандански: сите се сместан по пештерата „Капе“ во планината Али Ботуш
1903 (19 февруари)
Сите учесници на советувањето се фотографираат пред пештерата „Капе“ пред заминување Делчев држи говор. Ноќта Гоце Делчев заедно со четата ја испразнува пештерата и го напушта Али-Ботуш – требало да се спуштат покрај реката Струма: Пеју Јаворов го придружува Делчев во с. Крчово (Демирхисарско).
1903 (20 февруари)
Гоце Делчев уште се наоѓа во с.Крчово вечерта заминува со две чети; неговата чета се состои од 12 борци; втората чета се наоѓа под раководство на војводата Илија Крчовалијата.
1903 (23 февруари)
Излегува хектографираниот весник „Слобода или смрт“, кој го уредувал Пејо Јаворов; весникот излегол по барање и влијание на Гоце Делчев.
1903 (2 март)
Гоце Делчев се среќава со Пеју Јаворов кај месноста „Попова Чука“ (над с. Крчово, Демирхисарско); ноќта ја поминуваат во една напуштена козарска колиба. Тој останува таму некое време.
1903 (17 март)
Во Париз се одржува митинг за Македонија и Ерменија на кој говорел познатиот француски писател Анатол Франс; францускиот пролетерски поет Кловис Ит ја прочитал својата поетска творба „За Македонците“
1901 (19 март)
Гоце Делчев со својата чета го минира Мостот на р. Ангиста: во воздух бил дигнат и тунелот на железничката пруга.
1903 (март)
Даме Груев се враќа во Солун
1903 (17 април)
Гоце Делчев слегува во с. Дутли, на растојание од Серез
1903 (18 април)
Облечен како селски чорбешија Гоце Делчев влегува во Серез, оттаму заминува за Солун
1903 (19-29 април)
Гоце Делчев пристигнува во Солун сместен во просториите на солунската машка гимназија; има неколку среќавања со Даме Груев и со него го разгледува прашањето за подигање на востание: Гоце го напушта Солун и излегува низ вардарската капија и со воз се префрла во правец на Серез.
1903 (29 април)
Во Солун дејствуваат Солунските атентатори; ги креваат во воздух францускиот кораб „Гвадалкивир“, Отоманската банка, поштата и други установи.
1903 (2 мај)
Вечерта Гоце Делчев пристига во с. Баница (на мала оддалеченост од Серез).
1903 (3 мај)
Турска војска започнала да се движи откај Серез. Во Баница Гоце престојува во една куќа: во меѓувреме турската војска во текот на ноќта започнува да го опкружува селото Баница.
1903 (4 мај во зори)
Гоце Делчев и неговата придружба се известени дека се опсадени од турската Војска: Гоце наредува да излезат од куќата и да се повлечат за да го спасат селото.
1903 (4 мај во текот на денот)
Гоце Делчев со придружбата се повлекува низ селото; стигнале до крајот на селото; турските војници оделе по нивните стапки; при излезот на селото тие ги стигнале: во борбата Делчев при полнење на пушката бил погоден во левата града паднал врз пушката, се обидел да се крене и паднал мртов.
1903 (4 мај)
По убиството на Делчев борбата продолжила целиот ден; петнаесет часа Турците не можеле да се доближат до телото на убиениот Делчев; во борбата во Баница учествувале 14 борци; биле убиени 4. ранети 1: се спасиле 9; во селото Турците извршиле палежи, грабежи и масакр.
Извор: „Гоце Делчев“ – Христо Андонов – Полјански
Goce e utepan od blizok poznanik na koj sto soprugata negova go “javala” Goce.
Goce ne prostuval na se sto se dvizelo so dve noze i dve dupki. Pozdrav
Оф леле, ти си другарче одличен пример за она подобро око да ти извадат отколку муабет. Некој да се направи некогаш паметен кажал, на луѓето им се видело тоа секси, си го преземале, додуша понеуките, и од време на време на темата Гоце си го верглаат и си го кажуваат да излезат интересни. Гоце цел живот го поминал со пушка, по планини, наставник на нашите деца, ама ти за него го памтиш тоа што си го пишал. Тоа ти е, секој е експерт за нешто, од медицина и висока политика, па до историја.
I na žena ti, na devojka ti, na sestra ti, pa I na majka ti koga bila mlada – se kačil. Kako planinar na vrvovi. A be prostak nizeden, od žaburkaj izvorska voda, ako voopšto znaeš što e toa
Коментирај анонимно