„Не денес Џон!“: Крава стана вирална откако нејзиниот сопственик сними видео од неа како глуми дека спие, за да избегне молзење

Кравата Дорис била забележана како се обидува да спие повеќе додека се обидува да го избегне своето молзење, во видео кое е прегледано преку 1,5 милиони пати на „TikTok“.

Со сите нејзини другарчиња веќе измолзени, можеше да се види кравата како се обидува да дреме уште пет минути, пред да биде приведена во акција.
Фармскиот работник Џон Броди ги уловил лудорите на кравата на камера на фарма на островот Вајт.

Г-дин Броди се согласи дека Дорис е „мрзелива“ и рече дека „обично е последната што прави нешто“.
Тој изјави за „Би-Би-Си Радио Солент“: „Таа сака да си одмори. Причината зошто ја земав на прво место беше затоа што таа беше единствената во шталата. Сите други крави станаа, но Дорис ја креваше главата и ме гледаше, а јас ја гледав како ја спушта главата назад и размислува „не, не денес Џон“.

„Затоа го извадив телефонот бидејќи знаев дека е типична Дорис и се обидува да ме изигра. Тоа е она што ме натера да мислам дека подобро е да го снимам ова на видео“.

Дорис е една од 200-те млечни крави на фармата во сопственост на Марк Рид каде што обработуваат и продаваат млеко во локалните продавници и филијали на островот Вајт.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *