5 вицови за први април, денот на лагата, празникот на сите наши политичари
За македонските политичари секој ден е први април.
– – – – – – –
Мајката се враќа од работа, а синот ја пречекува на вратата со зборовите:
– Мамо, мамо, комшивката од 3-ти е во спалната со еден непознат маж!
– Како така бе?! Кој ги пушти?! А татко ти каде е?!
– Априлили мамо, не е непознат, тато е.
– – – – – – –
– Како две цртички?! Да не си трудна?!
– Априлили бе душо, денес е први април. Толку многу луѓе зафркнав денес…
– Како мислиш „толку многу луѓе“?!
– – – – – – –
– Може ли првоаприлската шега да се претвори во новогодишен подарок?
– Да. Од 1 април до 31 декември има точно 9 месеци.
– – – – – – –
– Жено, те изневерив еднаш.
– И јас тебе.
– Ха! 1-ви април!
– 18-ти јуни.
Коментирај анонимно