Иранска уметница со ивалидитет прави неверојатни портрети само со помош на стапалата

Една милијарда луѓе ширум светот доживуваат некаква форма на инвалидитет, но тие не треба да бидат дефинирани со тоа и Фатиме Хамами Насрабади е застапник за тоа. Фатиме е парализирана 85 проценти, но таа најде сила да ја следи својата страст да стане уметник. Црта неверојатни портрети користејќи ги само нозете.

Оваа инспиративна 31-годишна иранска уметница е способна за неверојатни работи и покрај нејзината попреченост и покажува дека секоја болест или состојба не мора да ве ограничува да го живеете животот во потполност и да ги остварите вашите соништа.

Бидејќи е љубител на фудбалот Фатиме му стана позната на светот откако го нацрта Кристијано Роналдо и дојде до насловните страни. Покрај нејзините омилени фудбалски икони, Фатеме има насликано и многу други национални и светски познати славни личности, како иранскиот актер Мехран Модри, Чарли Чаплин и Селена Гомез. Таа слика и зачудувачки животни и пејзажи и заработи место во срцата на 96.000 следбеници на Инстаграм.

„Јас без заинтеренсирана за сликање и цртање уште од дете и многу се трудев да дојдам до тука! Среќна сум и благодарна што моите напори вредеа и среќна сум што не се разочарав.“, вели уметницата.