Блогерка со тетоважи по целото тело ја откри причината за незадоволството од својот изглед

Блогерката Сара, која има тетоважи по целото тело ја откри причината за незадоволството од нејзиниот изглед. Таа ја сподели приказната на нејзиниот профил на „TikTok“.
36-годишната инфлуенсерка „saraovershares“ призна дека првпат почнала да става тетоважи на телото кога имала 20 години. На објавеното видео се гледа дека кожата на Сара во пределот на градите, рацете и прстите е покриена со бројни тетоважи.

„Сега имам чувство дека на 20-годишна возраст облекувам кошула и оттогаш морам да ја носам до крајот на мојот живот“, признала девојката, велејќи дека жали што тетоважите повеќе не одговараат на нејзиниот карактер. Таа го сменила стилот и станала поженствена, а со тоа и нејзините тетоважи повеќе не одговарале на нејзиниот карактер и стил.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *