Малку е стара за него, ама ќе помине: Леонардо Ди Каприо е повторно поврзан за љубовна врска со водителката Маја Јама, но остро ги демантираше гласините

Леонардо ди Каприо ги демантираше новите гласини за романса со Маја Јама, откако тие повторно се излегоа на виделина.

 

   

 

Холивудскиот актер (48) возврати на тврдењата дека се гледал со водителката на „Love Island“ (28), откако ги запознале заеднички пријатели.

Тој ја демантираше новата низа гласини откако извор изјави за „The Sun“ дека Лео – кој неодамна беше поврзан со Џиџи Хадид – и Маја „се во редовен контакт и биле на низа состаноци“.
Инсајдерот тврдеше: „Двајцата неодамна излегоа од долгорочни врски, така што ниту еден од нив не брза во ништо – тие се забавуваат и гледаат како оди“.

 

 

Наводно, дуото минатиот месец било во Њујорк, каде што двајцата биле на работа. Тие исто така беа сликани како го напуштаат клубот „Ле Пјаф“ во Париз минатиот месец со пријателите.
„Тие живеат во различни земји, а Маја претходно имала врска на далечина и знае дека е тешко, па затоа ги разгледуваат сите опции секој ден. Сепак, Лео секако ја воодушевува, тој сака да поминува време со неа“, додаде изворот.

Во февруари оваа година, двајцата беа забележани како се забавуваат заедно во Лондон во две различни ноќи, за време на викендот на „БАФТА“.

 

 

Неодамна се шпекулираше дека за Лео се забавува со моделот Џиџи Хадид (27), иако нивната најавена романса пропадна.

Двајцата повторно ги разбудија гласините за тоа дека се состануваат, минатиот месец, бидејќи и двајцата беа видени на истата забава за „Оскарите“ – забавата на Бијонсе и Џеј Зи во легендарниот „Шато Мармонт“.

Пред тоа и Џиџи Хадид беше забележана како излегува од забавата пред доделувањето на „Оскарите“ во Лос Анџелес, каде што присуствуваше и самиот Лео.

„Тие се на многу различни места во животот. Таа има приоритет да биде мајка“, продолжи инсајдерот во тоа време, додавајќи: „Во секој случај, никогаш не било толку сериозно. Некако штотуку избувна сѐ“.
Манекенката и актерот првпат беа романтично поврзани минатата година во септември 2022 година, откако беа видени како поминуваат квалитетно време заедно за време на модната недела во Њујорк.

Пред тоа, Лео беше во петгодишна врска со манекенката Камила Мороне (25) со која се раздели минатата година.

 

 

Во меѓувреме, Маја неодамна ја заврши својата свршувачка на далечина со НБА ѕвездата Бен Симонс (26) минатата година, по една година заедно.

Се вели дека Маја и кошаркарската ѕвезда се мачеле со нивните зафатени распореди и одржувајќи врска на долга дистанца, бидејќи Бен е живее во Бруклин, Њујорк, додека Маја живее во Лондон.

 

 

„Додека и двајцата се грижат еден за друг толку многу, тие навистина дадоа сѐ од себе и сфатија дека тие само доаѓаат од два различни света“, изјави извор за „NY Post“ по раскинувањето, додавајќи дека тоа е „една од најтешките одлуки на нивните животи“.

Пред тоа таа имаше четиригодишна врска со британскиот рапер Стормзи (29).

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *