Најсреќниот роденден на Земјата! Баба го прославува својот 100-ти роденден во Дизниленд – 70 години откако присуствувала на неговото отворање во 1955

Секој роденден е причина за славење, но замислете да навршувате 100 години? Епа оваа 100-годишна баба реши да го прослави својот роденден со патување до Дизниленд и во однос на годините мора да признаеме дека изгледа одлично и е навистина убаво што се уште може да патува. А ни помалку ни повеќе таа има присуствувано на свеченото отварање на паркот во Калифорнија во 1955.

 

Па речиси седум децении подоцна Ди Колафа од Сакраменто се прошета низ мемориската лента благодарение на Дизни – кој исто така ја одбележа својата 100-годишнина на 4 април – со некои од нејзините деца и внуци.

Додека носеше персонализирани уши на Мини Маус и бликаше од среќа таа изјави: „Навистина е одлично, претпоставувам дека само гледам колку е одличен животот… Ми се случија многу убави работи“.

 

Ди имала среќа да купи билети за дебито на Дизниленд на 17 јули 1955 година. Иако првично биле продадени 6.000 билети, се појавиле неверојатни 28.000 кандидати, повеќето од нив држејќи фалсификувани билети. Раскошното телевизиско лансирање вклучувало паради, славни посетители и појавување на самиот Волт Дизни.

После 68 години, последното патување на Ди во Дизниленд во Анахајм на 29 март се случило откако нејзиниот внук, Ерик Соер, ѝ напишал на компанијата. Објаснувајќи го синџирот на настани, тој рече: „Само што помислив на тоа… Мислев дека е некако кул дека баба ми наполни 100 години оваа година, а и Дизни дека наполни 100 години. Ја познавав баба ми доволно добро за да знам дека ќе биде среќна само со писмо, но наместо тоа тие всушност испратија подароци, а потоа белешка во која пишуваше „дојди и придружи ми се“.

 

Баба Ди и нејзиното семејство биле пречекани во Дизниленд од претседателот на одморалиштето Кен Потрок.

Тој рече на денот: „Баба Ди, како што ја нарекува нејзиното семејство, овој месец го слави својот 100-ти роденден, што е неверојатно возбудливо. Таа се сеќава на сè за денот на отворањето и сите нејзини искуства низ многу различни децении. Какво задоволство за нас што можеме да ја угостиме овде во Дизниленд денес“.

Ди, мајка на пет деца, рече дека го носела своето семејство во Дизни многу пати во текот на годините и „секој пат го сакала“.

Таа додаде: „Се сеќавам дека само седев и го гледав рингишпилот со многу мои внуци и правнуци на него“.

Винтиџ фотографиите го прикажуваат семејството Колафа како ужива во паркот, а една слика направена во 1962 година ја доловува ќерката на Ди, Лин Соер како се врти. Лин изјави дека за жал не можела да присуствува на отворањето на Дизниленд со нејзината мајка бидејќи во тоа време имала само 18 месеци.

Внукот на Ди изрази благодарност до Дизни што ја направи 100-тата толку посебна. „Не знам дали има нешто друго што можам да направам за да го направам ова поспецијално. Таа беше многу возбудена“.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *