Каков им е животот на сијамските близначки кои го делат телото од половината надолу, на кои докторите им дале само 5% шанса да преживеат?
Шестгодишните споени близначки, кои се поврзани од градната коска надолу им пркосат на сите шанси дадени од докторите и сега одат во градинка со нивното заедничко тело.

Челзи Торес (30) од Блекфут, Ајдахо, ги пречека своите ќерки близначки, Кали и Картер, со партнерот Ник во 2017 година – а медицинските лица веднаш рекле дека тие веројатно нема да живеат многу долго.
И покрај тоа што лекарите ја предупредиле Челзи дека нејзините ќерки можеби нема да ги преживеат првите неколку недели од нивниот живот, Кали и Картер напредуваат по шест години, а неодамна достигнаа голема пресвртница – започнувањето на градинка.
Додека секоја од девојките има свое срце и стомак, тие делат црн дроб, црева и мочен меур. Секоја од нив може да контролира една нога и двете раце.
„Анатомијата на Кали и Картер е како два бранови кои се удираат еден во друг“, објасни нивната мајка неодамна.


Според Челзи, нејзините ќерки се како и сите други мали девојчиња – и секоја од нив има своја посебна личност.
„Сакам само луѓето да знаат дека тие се само две нормални деца“, рече таа. „Тие се наоѓаат во необична околност, но третирајте ги нормално. Тие сакаат да бидат третирани како сите други деца затоа што се. Тие се на училиште, одат на физикална терапија, се занимаваат со нормални активности, возат велосипед“.
Челзи објасни за емисијата „Today“ дека Кали е „вистинска девојка“, додека Картер е спротивното. И како и сите браќа и сестри, тие понекогаш се расправаат една со друга.

Девојчињата сега се сосема здрави и се движат со инвалидска количка. Моментално учат како да одат координирајќи ги нивните движења преку физикална терапија.
Челзи вели дека најтешкиот дел е да се најде облека што одговара на нивната необична ситуација. Таа мора да ги прави алиштата така што ќе исече два парчиња облека и ќе ги сошие заедно.
Челзи работи напорно за да ја подигне свеста за споените близнаци и стана популарна ѕвезда на социјалните мрежи кадешто има повеќе од 205.000 следбеници и често споделува видеа од девојките кои уживаат во својот живот и прават нормални активности како пливање, возење велосипед и играње на игралиштето.


Иако сега е многу отворена за приказната на нејзините ќерки, на мајката и требало некое време за да се навикне да зборува за тоа.
Ниту една од девојките не изразила никаков интерес за разделување, а исто така операцијата би била доста ризична. Сепак, таа додаде дека е отворена да го разгледа тоа во иднина доколку тоа е нешто што близначките го сакаат.
„Тие не знаат друг начин на живот“, објасни таа. „Кога луѓето прашуваат дали сакаат да бидат разделени, тие велат: „А? Зошто?“
„Засега тоа не е мој избор. Тоа е толку опасна операција, едноставно не е мој избор да направам такво нешто“.

Коментирај анонимно