Најневеројатни наоди во рудницитe: Скапоцените камења што ги претворија сиромашните во богаташи
Приказната за рударот Анандилал Кушвахи е исто како од бајка. Сепак, тоа се случило во реалноста. 35-годишниот Индиец изнајмил приватен рудник, надевајќи се дека таму ќе најде нешто вредно. И тој имал среќа.
Во летото 2020 година, тој пронашол голем дијамант тежок над 10 и пол карати. Тој го продал скапоцениот камен на аукција за 56.000 евра.
„Скапоцените камења се производ на вулканска активност. Дијамантите се наоѓаат во дијамантските цевки. Тие обично се наоѓаат на големи длабочини. Особено сега, бидејќи сите откриени наоѓалишта се веќе, во основа, да речеме, избрани. Во секој случај, ова е тешка работа“, – рече историчарот Јарослав Листов.
Анандилал Кушваха, кој за еден ден стана богаташ, изјави дека најголемиот дел од парите ќе ги потроши на школување на децата.

Речиси истовремено со Индиецот се збогатил и 52-годишен рудар од Танзанија. Саниниу Лизер открил два ретки скапоцени камења- танзанити со невидена големина. Едниот тежел скоро девет и пол килограми, вториот – повеќе од пет. Рударот ги продал скапоцените камења на владата на земјата за 300 илјади долари.
Човекот, исто така, планирал да го потроши богатството на образованието на неговите многубројни деца. Рударот има 30 од нив, од четири сопруги.

Коментирај анонимно