Синдром на едно дете? Зошто растењето со браќа и сестри ја прави помала веројатноста да се разведете во подоцнежниот живот?

Растењето со браќа и сестри значи помала веројатност да се разведете подоцна во животот, покажува едно истражување.

Истражувачите откриле дека имањето браќа или сестри значително ги намалува шансите вашиот брак да се распадне.

 

 

Експертите мислат дека детството поминато опкружено со големо семејство ги усовршува нашите социјални вештини уште од мали нозе – што нè прави поотпорни и поспособни да се справиме со подемите и падовите во врската кога ќе старееме.

Се проценува дека речиси половина од браковите целосно се распаѓаат во одреден момент, иако реалната стапка на разводи е помала отколку што била во 1970-тите, главно затоа што повеќе парови одлучуваат да живеат заедно, но да не се венчаат.

Истражувачите од одделот за социологија на Државниот универзитет во Охајо во САД анализираа илјадници бракови во Кина и ги усогласија стапките на разводи со големината на семејството.

Повеќе од 90 отсто од анкетираните парови се родени пред да започне кинеската политика за едно дете во 1978 година.

 

 

Во извештајот за нивните наоди објавени во Журналот за семејни прашања, истражувачите рекоа: „Едно објаснување е дека браќата и сестрите обезбедуваат „партнери за вежбање“ за време на детството, усовршувајќи ги социјалните вештини кои помагаат да се одржат долгорочни врски.

„Односите меѓу браќата и сестрите се често интимни и исполнети со позитивни и негативни емоции. Тие даваат единствена можност да се развие способноста да се разберат туѓите емоции, да научат да управуваат со гневот и да го решаваат конфликтот“.

Претходните студии покажаа дека имањето браќа и сестри може да го намали ризикот од депресија, да ги зголеми училишните оценки и да ја зголеми емпатијата.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *