Австралиец заврши во затвор откако се обиде да им помогне на напуштени животни во зоолошка градина
Маж е уапсен откако провалил во зоолошка градина за да ги нахрани навидум напуштените животни.
Австралиецот Мин Нгуен и тројца други влегле во тајландската зоолошка градина за да ги нахранат тигрите, слоновите и другите животни, верувајќи дека се оставени да умрат откако зоолошката градина се затворила како резултат на тековната здравствена криза.
Кога групата се вратила следниот ден со храна за животните, тие виделе дека има вработени во зоолошката кои ги увериле дека нема да бидат напуштени, но им рекле дека не можат да си дозволат да ги хранат редовно животните. Љубителот на животни тогаш основал GoFundMe страна за зоолошката и собрал 45.000 долари за да помогне во хранењето на животните.
Сопственикот на зоолошката градина, сепак, откако наишол на видеа во кои Мин им помага на животните го пријавил во полиција. Полицијата тогаш чукнала на вратата на Мин и го уапсила за неовластено влегување на имот и компјутерски криминал, откако сопственикот инсистирал на тоа дека животните се соодветно згрижени. Уапсени се и другите лица вклучени во хранењето на животните.
Адвокатот на Мин ја обележа целата работа како „недоразбирање“ и инсистираше на тоа дека мајката на сопственикот на зоолошката градина му дозволила пристап до зоолошката градина.
Мин вели: „Кога ме обвинија и уапсија, постариот брат и мајка (на сопственикот) решија да бидат сведоци за нас. Има малку поделеност меѓу акционерите за тоа како треба да работи зоолошката градина.“