Британска јутуберка и инстаграмџика реши да напрви пауза од глупостите и да отиде на терен да помогне во спасувањето животи од КОВИД-19

Со право се вели дека кога човек ќе постигне одреден успех, тој сака да им помогне на другите. На пример, Британката Сепија Самаи, попозната под псевдонимот Персиско Зајаче, сама си заработила пари со помош на своите Јутуб и Инстаграм акаунти и се запишала на студии.

И тоа не на било каков факултет, туку на медицина. Сега таа е на пракса и несбично им помага на болните од КОВИД-19. Во текот на летото, таа ќе започне да работи како помлад доктор во болницата NHS откако ќе ги заврши студиите на Универзитетот во Лондон.

Таа сака целосно да се фокусира на медицината, но во исто време не сака да го занемари и своето присуство на социјалните мрежи.