Родителите ѝ купија на ќерката Mercedes G-Class, за да ја убедат да се врати на училиште. Ќерката има 5 години!
Брачен пар од Малезија на својата 5-годишна ќерка и подариле Мерцедес Г-класа во обид да ја поттикнат да се врати на училиште. Mајката Фархана Захра, која е бизнисменка, сподели дека нејзината ќерка Фатима престанала да оди на училиште во јануари откако била болна дома еден ден. Кога се опоравилo, девојчето не сакало да се врати на училиште, тврдејќи дека е премногу младо.
Како начин да се обиде да ја мотивира својата ќерка да се врати на училиште, мајката ја прашала што би сакала да добие за нејзиниот следен роденден. Одговорот на девојчето бил дека сака БМВ или Мерцедес Г-класа.
Тогаш Фархана склучи договор со Фатима, ветувајќи ѝ дека ќе го добие автомобилот ако се врати на училиште. Фатима се согласи со понудата и автомобилот беше испорачан за време на нејзината роденденска забава.

Neka i e na zdravje
Roditelite na psihijatar plz
so igracka ili lizavche ke pomineja hahha
Коментирај анонимно