Застрашувачкиот момент кога два лава избегаа од кафез за време на циркуска претстава во Кина, а во публиката само родители со деца

Сведоците велат дека еден од лавовите лесно го напуштил кафезот, а по него и вториот се упатил кон публиката, откако забележал дека вратата од кафезот не е добро затворена. Гледачите на трибините веднаш почнале да бегаат, а возрасните се обидувале да ги заштитат многуте присутни деца.

Двата лава во циркусот Луојанг изгледале неухрането, што во голема мера ја зголемило загриженоста на оние кои го гледале настапот на скротувачите на лавови.

Полицијата успеала да ги фати животните после инцидентот.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *