Ова кученце се изгубило пред 2 месеци за време на торнадо и сега конечно се врати кај своето семејство

И покрај тоа што целиот свет е фокусиран на коронавирусот кој го разори светот, тој не е единствената несреќа што некои луѓе мораа да ја поминат. Голем број луѓе во САД беа погодени од торнадата на почетокот на март. За среќа, приказната има среќен крај за ова семејство.

Ерик и Фејт џонсон го бараат своето кученце уште откако куќата им била уништена од торнадо. Нивниот австралиски овчар Бела ги предупердил на опасноста и му помогнал на семејството да се засолни, но за жал се изгубила. Денес, таа конечно беше повторно обединета со семејството по 54 долги денови од потрагата.

Семејството од Тенеси постојано го посетувало старото соседство со надеж дека ќе ја пронајдат Бела. Тие оставале парчиња од својата облека за да може Бела да ја намириса затоа што слушнале до соседите дека е жива затоа што мислат дека ја виделе после торнадото. И за среќа биле во право.

Нивната поранешна сосетка Сара Ромеј добила повик од пријателка дека ја забележала Бела на нејизната улица. тогаш жената веднаш се упатула кон својата пријателка за да го земе кучето. Таа успеала да ја намами Бела со храна и вода бидејќи кучето не им верувало на непознати, а веднаш ги повикала и сопствениците. Од лицето на Бела може да се види колку таа била возбудена кога го здогледала Ерик.