Најчудната смрт: Пензионер бил убиен од летачка крава додека уринирал
Шивдајал Шарма (82) умрел на лице место откако во него удрила летечка крава која била удрена од експресен воз и фрлена 30 метри во воздух.

Шарма уринирал на патеката во регионот Алвар, Индија, кога се случил чудниот инцидент. Друг човек стоел во близина на шините и само за влакно избегнал да биде удрен од летечкото животно.
Министерот за железници Ашвини Ваишнав објави дека мерките како што се чистење на ѓубрето и отстранувањето на вегетацијата почнале токму поради тоа, да се спречат кравите да одат таму.
Инцидентот предизвика многу функционери да се соберат за подобрена регулатива на железничката рута, каде што има многу инциденти со крави на шините. Една железница дури и подигна огради околу шините за да ги спречи кравите скитници.

Смртта на добиток од железнички судири не е нова во Индија. Владините податоци покажаа дека возовите во земјата превезувале повеќе од 13.000 говеда во 2022 година, што е 24 отсто повеќе од 2019 година.
Илјадници Индијци го носат својот добиток на пасење покрај железничките пруги. Многу сопственици на добиток, исто така, живеат блиску до шините.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно