САД ќе бидат домаќини на фестивалот „Сатаникон“ – најголемиот собир на сатанисти во историјата
Фестивалот Satanicon ќе се одржи во Бостон. Креаторите на форумот тврдат дека ова ќе биде најголемиот собир на сатанисти во историјата. Регистрирани се повеќе од 800 учесници. Секако, се очекуваат и масовни протести на конзервативни и христијански групи од целата земја.

Ако бевте возбудени да купите билет, ќе ве разочараме, затоа што билетите за „Сатаникон“ беа распродадени пред еден месец. Настанот вклучува повеќе од десетина презентации кои се движат од тоа што значи да се биде сатанист денес до древната практика на сатанизам во Апалахија.
Покрај тоа, ќе има и шведска маса, сатанистички бал, драг-шоу и концерт на Satanic Planet, чиј член е и ко-основачот на Satanic Temple, Лусијан Гривс.
Еден од организаторите на Satanicon, Декс Дежардинс, вели: „Ова е шанса за нашата заедница да воспостави пријателства, да учи еден од друг. Ова е шанса за луѓето кои се познаваат преку Интернет – во некои случаи речиси една деценија – навистина да се сретнат и да поминуваат време заедно“.
Сепак, управителката на храмот на сатаната, Мелиса Гур, се плаши дека сатанското посредување не е доволно, ќе мора да се вклучи и полицијата. Жената секојдневно добива смртни закани, а минатата година христијански активист го запалил седиштето на храмот во Салем. Мажот дошол во маица со натпис „Бог“ и Библијата, по што се обидел да ја запали канцеларијата.
И останува прашањето, имаше ли некој астероид што оди накај Земјата? До каде е? Нека побрза!
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно