Мистеријата за голиот патник: „Се возев во воз и одеднаш заспав, кога се разбудив до мене седеше гол маж!“
Патничка заспала во воз и откако се разбудила видела маж кој седел гол до неа.
Полицијата апелира за сведоци откако жената патувала на служба меѓу Полмонт и Единбург Вејверли во четвртокот, 20 април.
Снимката од инцидентот од камерите била разгледана од полицијата. Осомниченото лице е опишано од полицијата како бел маж, на возраст меѓу 65 и 70 години, со кратка седа коса и брада. Тој е опишан како со средна или тенка градба.
Во соопштението на британската транспортна полиција се вели: „На 20 април во 7.21 часот, една жена била во возот кога одеднаш заспала. Кога се разбудила гол маж седел до неа.
Подоцна облекол шорцеви за џогирање и црна маица пред да замине од возот во Единбург Вејверли. Носел црни чизми за пешачење.
Шкотската министерка за транспорт Џени Гилрут рече: „Ова едноставно не е прифатливо во Шкотска во 21 век“.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно