„Денес бев жртва на „фобија од привлечни девојки“ – бев исфрлена од супермаркетот затоа што сум била недолично облечена, а јас сум последната девица на OnlyFans!“
Ѕвезда на OnlyFans тврди дека е жртва на „жешка женска фобија“ откако била исфрлена од нејзиниот локален супермаркет поради нејзината оскудна облека.


Керолај Чавс (21) од Бело Хоризонте, Бразил, предизвикала вознемиреност кај купувачите додека пазарела во прозирна маичка без градник и тексас шорцеви толку високо исечени што може да се сметаат за долна облека.


Девојката, која себеси се нарече „последна девица на OnlyFans“ (затоа што правела операција на хименот) ја критикуваше продавницата затоа што ја избркале.
„Само што дојдов од супермаркет и ме малтретираа затоа што носев „прекратка облека. Некои гледаа со предрасуди, други ме пцуеја и на крајот ме исфрлија од продавницата. Мислам дека е апсурдно што нас жените сè уште нè третираат на овој начин само затоа што се облекуваме како што сакаме“, додаде таа.

Објавата на Чавес доби илјадници коментари од зачудените корисници на Инстаграм, но не сите се согласија дека таа била жртвата во оваа ситуација.
„Нема потреба да се оди во супермаркет така облечен“, напишал еден критичар.
„Сакаш да те почитуваат кога не оддаваш почит???“ праша некој друг.
Друга рече дека ги „засрамува“ другите купувачи, особено оние што биле таму со своите деца.
Едно лице истакна дека и човек без кошула би го исфрлиле од продавница.
Сепак, имаше обожаватели кои ја поддржаа, велејќи дека таа само носи облека во која се чувствува добро и дека е „погрешно“ што ја третираат така.

Чејвс верува дека омразата што ја добила е всушност за тоа колку е привлечна, а не за облеката што ја носела.
„Се чувствував навредена од омразата што ја добив и во маркетот и на мојата објава на Инстаграм. Мислам дека сите овие навреди имаат повеќе врска со „фобија од згодни девојки“ со која се соочувам секојдневно“.
И ја прогласуваме Чејвс за Нобеловец затоа што измисли нова фобија. Браво за тоа треба мозок!
Чејвс исто така се најде на насловните страници минатото лето кога откри дека подлегнала на операција за реконструкција на хименот во потрага да стане „последната девица на OnlyFans“. Па дали тоа ја направило девица проценете вие…

Поддршка за Керолај.
Коментирај анонимно