Девојка ја открива причината зошто на младите генерации не им се работи: „Старите луѓе не знаат кои се нивните приоритети, треба да си проверат“

Младите генерации не сакаат да работат затоа што се премногу зафатени со живеење на својот живот – според една млада жена која тврди дека постарите генерации ги немаат подредено своите приоритети.

 

Деми Косорис тврди дека постарите луѓе најчесто имаат потреба да им се случи настан што го менува животот, пред тие да бидат подготвени да се стават себеси на прво место. Додека младите едноставно „учат од нивните грешки“.

Деми е „уморна“ од постарите генерации кои ги караат младите луѓе поради нивната работна етика.

„Постарите генерации се толку збунети зошто не сакаме да работиме напорно или да им дадеме приоритет на нашите кариери. Знаеме колку е краток животот сега – и не мора да ни се случи нешто што ќе го промени животот за да го сфатиме тоа“ – рече таа.

 

Деми се присети на неколку разговори што ги имала со постари луѓе кои доживеале ненадејна загуба и тага.

„Секогаш им треба причина да го живеат животот во потполност и да си дадат приоритет. Но, на мојата генерација тоа повеќе не ѝ треба – видовме дека тоа им се случува на други луѓе и почнуваме да избираме различни приоритети од самиот почеток. Сега, имаме пристап до информации и на животот гледаме поинаку, посебно после пандемијата. Сè уште сакаме да патуваме и да правиме други работи со нашиот живот“, рече таа.

Но, Деми призна дека е дури и збунета од концептот.

„Тоа е исто така збунувачки за нас затоа што ја имаме целата оваа привилегија и работата што ја работиме е одлична – но сè уште сме депресивни, ги мразиме нашите животи и не сакаме да работиме“.

 

Младите генерации ги припишуваат тие чувства на тоа што не ја ставаат истата вредност на работата како генерациите претходно.

Многумина се согласија со расудувањето на Деми и споделија свои мисли.

„Работата беше сосема поинаква порано“, рече една жена. „Тоа одеше вака: Купи евтина куќа, ќе добиеш некои мали унапредувања, почит на работа и на крајот пензија“.

„Некои од моите колеги се лутат затоа што работам со скратено работно време. Им велам да поминуваат време со своето семејство и да го живеат животот – како и да е, компанијата ќе најде друг работник откако ќе се пензионирате“. – откри еден маж.

Третиот додаде: „Луѓето никогаш не требаше да работат како нашите родители“.

Некои постари луѓе посакуваат да поминат повеќе од својата младост правејќи спомени.

„Мислам дека е одлично да се фокусираш на своите животи – жалам што изгубив толку многу време на работа, штотуку го изгубив сопругот, а тој имаше само 51 година. Животот е многу краток“, – напиша една вдовица.

„Работата не ти носи толку многу. Бев принуден да се пензионирам по 40 години сташ со 60-часовни недели бидејќи некоја си машина може да ја врши мојата работа сега. Наместо тоа, поминувајте време со вашите најблиски“.

Но, другите сè уште беа фокусирани на старомодните идеали за работа.

„Младите нема да работат напорно, туку ќе бидат првите кои ќе се пожалат дека не можат да си дозволат да купат куќа“, рече еден човек со огорченост.

„Младите знаат само како да се жалат. Треба да добиете вистински работни места наместо да го трошите вашето време на ТикТок“.

Па на која страна сте вие?

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *