Новите македонски урбани музички ѕвезди си пеат на дијалект и ние го поздравуваме тоа, затоа што дијалектите се богатство на македонскиот јазик

Дијалектот е јазик што го говори група луѓе географски одделена од друга група луѓе. Освен географски, таа група луѓе е поврзана историски, општествено и културно.

Диалектите се од голема важност за јазикот, затоа што од дијалектниот се создава стандардниот (литературниот) јазик, но тој постојано се збогатува и обновува од дијалектниот. Затоа, тие се во постојан заемен однос.

1. Јанг Дади – Скопје

Јанг Дади е артист од Скопје, еден од најактуелните во моментов. Активен е на нашата сцена од 2019 година и позади себе има многу свои хитови, како и соработки со некои од најзвучните имиња на македонската сцена. Тој полека но сигурно ја освојува цела Македонија и носи свежина со неговиот уникатен стил на музика. Инспирација е за многу нови артисти и дефинитивно е омилен кај помладите. Ова е неговата хит песна „5 до 2“.

2. Бон Праскиза – Битола

Битолчанецот Бон Праскиза одамна е актуелен кај сите тинејџери. Тој е еден од основачите на трап сцената во Македонија. Има направено големи хитови и активно се бави со музика повеќе од 10 години. Бил дел од многу фестивали на Балканот и секогаш прави одлични забави каде и да настапува. Слушнете му ја песната „Блокојте“.

3. 1300 рекордс – Куманово

После Скопје, Куманово е градот кој ја има најголемата трап сцена во Македонија, а 1300 рекордс се секогаш тука за да ги поддржат младите музичари од овој жанр. Постојат веќе 5 години и константно се актуелни особено во нивниот град. Посетете го нивниот канал и слушнете многу кумановски песни.

 

4. Леон ДТН – Радовиш

Леон ДТН е млад артист кој доаѓа од Радовиш. Македонија за него допрва ќе слушне бидејќи неговото име ветува многу. Неговата најнова песна се вика „Хит“, слушнете ја. Се надеваме дека во иднина ќе продолжи да работи активно како досега бидејќи има голем потенцијал.

5. Говеда – Тетово

И за крај, како бонус, слушнете ја песната „Ап ин смог“ на тетовската група Говеда.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *